Реал Мадрид прими гол во 27-ма секунда, па Мбапе режираше пресврт

Дваесет и две годишниот Португалец од Лас Палмас, Фабио Силва е стрелец на еден од најбрзите голови во историјата на шпанскиот фудбал откако денес после само 27 секунди од судиската свирка за почеток му даде гол на Реал Мадрид.

Ова е втор најбрз гол кој го примил Реал Мадрид во Ла Лига, откако на времето Мичу како играч на Рајо Ваљекано во септември 2011-та година постигна погодок за 15 секунди.

Реал набрзо врати преку Мбапе од пенал во 18-та минута а во 33-та минута Браим Дијаз го доведе домаќинот во водство. „Кралевите“ зголемија на 3-1 преку Мбапе во 36-та минута, резултат со кој се замина на полувреме.

19 јануари 2025 - 17:14