По крајот на дуелот кој Холандија го доби 37:32, револтираните македонски навивачи фрлаа монети по судиите и холандските ракометари кои со трк избегаа во соблекувалните.
Голманот на Холандија Матијас Рекс по натпреварот за данската ТВ2 рекол:
„Почнаа да фрлаат предмети кон нас. Никогаш не сум видел нешто слично, ама јасно е дека е така долу на Балканот. Во еден момент сакав да ја исфрлам топката а тие истурија вода на голот. Апсолутно лудо. Ова нема никаква врска со ракомет, но ете понекогаш е така“.
Подалеку во критиките отиде поранешниот дански ракометар а сега стручен коментатор на истиот канал ТВ2.
„Ракометната федерација на Македонија треба да добие сериозно предупредување. Ако ова се случи уште еднаш, тогаш на македонските навивачи треба да им се забрани да присуствуваат на натпреварите. ИХФ треба јасно и гласно да порача дека ако повторно се фрлаат предмети на теренот, тогаш навивачите не треба да имаат простор за во сала“.