На Јувентус му беа доволни само пет минути, од 59-та до 64-та преку Самуел Ембангула и Тимоти Веа да го победи Милан 2-0. Во еден од најслабите и најдосадни дерби натпревари меѓу Јуве и Милан во последните децении, бјанконерите конечно ставија крај на серијата нерешени средби во Серија А и освоија три бода.