Мексикански навивачи го задеваа Меси, им врати со гестикулација
На пријателски натпревар меѓу Интер Мајами и мексикански Клуб Америка кој заврши 2:2, Лео Меси постигна гол во 34-та минута. Присутните мексикански навивачи скандирале против Аргентинецот кој им гестикулирал со прсти дека неговата земја има три светски шампионски титули а Мексико нула.