„Колку да не сакам да зборувам и да се правдам, кога имате 12 пенали и да имате толку исклучувања, тешко е како тренер да го водите тимот. Ние скоро 20 минути игравме со играч помалку. Тешко е нив и така да ги браниш, а не со играч помалку. Јас им кажав на момците дека треба да играме цврсто, да се бориме, да имаме што помалку исклучувања и по цена да примиме гол. Со толку исклучувања, толку пенали е тешко да се игра, ти го пореметува целиот концепт на игра. Можеби тие се подобра репрезентација, но ние гледавме наша шанса“, изјави по мечот селекторот на Македонија, Кире Лазаров.