Словенците се жалат од прескапите цени на Светското првенство во Загреб

Словенечките навивачи се втори по број во Хрватска по најбројните македонски навивачи. Но „змајчеки“ се жалат дека цените во главниот град на Хрватска биле прескапи. Словенечкиот портал Екипа пишува текст под наслов „Скапо, поскапо, Светско првенство во Загреб“ во кој ги опишува цените во и околу загрепска Арена каде Словенија ги игра своите натпревари.

„Последните денови се крена доста врева околу цените на влезници за Светското ракометно првенство на кое меѓу другите домаќин е Хрватска. Но не само цените на влезници, туку и цените во самата загрепска Арена, каде меѓу другите игра и словенечката репрезентација, се прилично кренати.

Цена пола литар пиво на пример е шест евра, а морате да платите и пластична подлога за чашата која ќе ве чини две евра. Секако после можете да ја задржите или да ја вратите во барот и добивате назад две евра. Сите сокови, газирани и негазирани чинат пет евра, а пола литро вода може да се купи за едно евро помалку. Хот дог е пет евра, како и порција пуканки“, пишува словенечка Екипа.

 

19 јануари 2025 - 17:55