Offside

Да, насловот ве зачуди, признајте, ама само сме иронични. Диего Симеоне да ти имал империја на недвижности која вклучува 180 станови и 7 згради. Нема потреба друже и кај нас, терај си фудбалот.

Пандев е на Етихад како специјален гостин на Интер

Горанманијата во Интер е присутна и 14 години после освојувањето на незаборавната тројна круна. Управата го покани да им биде гостин на отворањето на новата сезона од ЛШ и тоа на гостувањето против Манчестер Сити. Се појави и на тренингот, а први кои го поздравија беа Лаутаро Мартинез и Николо Барела. Каква почит и на клубот и на играчите кон нашата легенда.

Баерн му даде 9 на Динамо Загреб, Ливерпул рутински со Милан

Новата сезона со нов формат во Лига на шампиони стартуваше со канонада од голови. Во Минхен, на „Алијанц Арена“, Стефан Ристовски и Аријан Адеми беа сведоци на историскиот срам на Динамо Загреб кој прими дури 9 погодоци од Баерн Минхен. Јувентус се справи со ПСВ Ајндховен, Реал многу потешко со Штутгарт, а Астон Вила најави интересна сезона.

Најдоброто видео што ќе го видите денес

Со два меча од 18:45 часот и уште шест од 21:00, стартува изданието број 70 во најелитното клупско европско натпреварување. Ќе се игра проширено, во ново руво, наместо со 32 со 36 екипи. Оваа реалност која ќе ја видите во клипот, уште долго време ќе остане непроменета. Бранителот на титулата Реал Мадрид го пречекува Штутгарт.

Прв работен ден во Јувентус на економистот Џорџо Кјелини, што ќе му бидат обврските?

Легендарниот капитен и столб на одбраната на Јуве се врати во својот дом во кој престојуваше 17 години. Улогата која ја доби е невообичаена за фудбалер, но сепак ќе работи по струка.

Како изгледаше битката за Скудетото во сезоната 2012/2013?

Колку беше Пандев важна карика каде и да играше во Италија, ќе ви покаже и насловната на Кориере на која налетавме. Стара е 12 години од третото коло во Серија А, септември 2012-та. Коло во кое Јуве, Наполи и Лацио победиле по 3:1. Стрелци: Пандев, Инсиње и Кавани за Наполи. Џакерини, Вучиниќ и Азамоа за Јувентус. Хернанез (2) и Клосе за Лацио.

„Бев најголем разбојник таа 2022-ра“

За време на престојот во родниот Белград каде играше во Дејвис Купот и победи против репрезентацијата на Грција, Новак Ѓоковиќ дал интервју кај познатиот водител Иван Ивановиќ. Раскажува за непријатностите кои го следеа таа фамозна 2022-ра година кога беше главен „светски разбојник“.

Тифозите на Милан со поддршка за легендарниот Сержињо во најтешките моменти

Навивачите од Јужна трибина на стадионот „Сан Сиро“ кои го бодрат Милан, на дуелот против Венеција извадија парола во знак на поддршка за нивниот некогашен миленик кој неодамна го загубил својот 20-годишен син.

Што се случува со Макс Ферстапен?

Повеќекратниот Формула 1 шампион и неприкосновен лидер во изминатите сезони, Холанѓанецот Макс Ферстапен сезонава иако во моментов е прв, не е на нивото од минатите години.

Кога Пикси со жонглирање го претрча цел терен

Актуелниот селектор на Србија Драган Стојковиќ - Пикси важи за еден од најдобрите фудбалери од овие простори на сите времиња. Некои би рекле дека таква 10-ка немало и сè уште нема од регионов. Пикси беше волшебник со топката. Едно време ги забавуваше и Јапонците каде играше па стана и успешен тренер со освоени трофеи.

Што разбравме од новиот формат на Лига на шампиони?

Прво, основно и фундаментално. УЕФА се намерачила од сегашните многу пари, да прави уште повеќе пари, бидејќи од оваа сезона ќе се играат дури 64 натпревари повеќе. И после зошто се повредувале многу играчите.

Страшен слободен удар во Турција кој му гo препишаа на наш играч

Адана Демирспор загуби 2:1 на гостувањето против Анталијаспор со гол во 98-ма минута. Гостите израмнија во 84-та минута со евроголот на колото во турскиот шампионат, дело на Салих Кавразли. Најпознатите информатори за резултати Лајвскор и Резултати, за чудо како стрелец го напишаа македонскиот репрезентативец, Јован Манев.

Каков пеколен играч бил Уго Санчез во Реал Мадрид

Мексиканецот Уго Санчез имал крајно богата кариера а станал голема, огромна легенда на „кралскиот клуб“ Реал Мадрид за кого од 1985-та до 1992-ра на 207 меча дал 164 голови. Она што беа Бензема и Роналдо за Реал во помодерна историја, тоа бил Уго Санчез на времето. После Реал играл во помали клубови како мексиканска Америка, Рајо Ваљекано, Атланте, Линц, Далас Бум и други но она што го правел во Реал е за вечност. Еден е од најдобрите стрелци во клупската историја.

Нани уште игра и уште дава голови

Во последниот натпревар од 5. коло во португалска Примеира, Естреја Амадора и Боавишта одиграа 2-2. За домаќините гол дал 37-годишниот Нани, некогашниот играч на Спортинг Лисабон, Манчестер Јунајтед, Фенербахче, Валенсија, Лацио, Орландо, Венеција, Мелбурн и Адана Демирспор. Нани од август годинава е член на Естреја Амадора, мало португалско клупче кое ќе се бори за опстанок во Примеира сезонава.

Има ли голман што може да го одбрани лудиов проектил на Рајо?

Рајо Ваљекано со пресврт ја доби Осасуна (3:1) и сигурно си обезбеди место во листата на најатрактивни погодоци за оваа сезона во Ла Лига. Абдул Мумин испука екстремно силен проектил и тоа од тежок агол.

Ѓоковиќ со бугарски хит го најави доаѓањето во Софија

Олимпискиот шампион од Париз 2024, Новак Ѓоковиќ пристигна во Софија каде го чека егзибициски дуел во Софија како дел од промоција на фондација на бугарскиот тенисер и негов голем пријател Григор Димитров. Натпреварот ќе се игра во „Софија Арена“ чиј капацитет е 12.373 седишта а салата веќе одамна е распродадена. Новак со голем хит го најави овој спектакл.

Чек да видиш какви голмани имало порано

Денес апсолутно заслужено голманите се заштитени како бели мечки па во нивниот простор, во петерецот не смее глас да се слушне. Ама не било така и порано. Им влегувале во дуели со лактови, со тупаници, со колена, а влегувале и тие на противниците.

Надреално промашување во Англија

Клупскиот фудбал е на самиот почеток и веќе ја имаме утката број 1 за оваа сезона, која тешко дека некој може да ја надмине за скоро. Необјасниво непрецизната завршница е дело на Ебу Адамс од Гамбија на мечот Дерби Каунти - Кардиф Сити. Среќа барем што неговите победија.

Админот на Зенит откачуваше во времето на Хулк

Хулк е тоа, не чудете се. Разни реклами има со неговата „супер моќ“.

Пикот на Лига на шампиони беше во 90-те

Стартува неделава новата сезона во ЛШ, со новиот чуден концепт. Место 6, ќе има 8 кола во првата фаза од кои последните две ќе се играат во јануари. Во прво коло ќе се игра и во четврток. И кога сме кај темава, погледнете на какво опасно ретро налетавме. Составите од финалето во 95-та меѓу Ајакс и Милан (1:0). Да не знаеш кој е пострашен.

Личи ли ова на македонско фудбалско дерби?

Шкупи викендов ја пречека Шкендија во рамките од 5. коло во македонска прва лига. Но овде не гледаме ништо македонско, ниту во најавата, ниту на билетите, ниту кај конечниот резултат. Туку само национализам пуштен на најјако. Дали ова значи дека кога ќе играат на пример Вардар и Пелистер, картите треба да се продаваат со ликовите на Гоце Делчев, Даме Груев, Питу Гули и Никола Карев?

Како Штутгарт се спрема за Лига на шампиони после 15 години?

Германски Штутгарт едно време беше редовен учесник на еврокуповите, но откако западна во резултатска и управувачка криза, популарните „шваби“ цели 15 години не видоа Лига на шампиони. Сега конечно се дел од елитното друштво, од кремот, па спремија и едно видео за таа прилика. Со маскотата Фрицл.

Се распаѓа ли проектот Сити? Почнува истрага за 115 пријави против клубот од Манчестер

Она што веќе неколку месеци се најавува, конечно ќе започне: процес на сослушување за неправилности во фер-плејот. Поднесени се 115 пријави против Манчестер Сити за финансиски неправилности. Сослушувањето ќе трае отприлика 10 недели а сега е неизвесна и иднината на клубот која е под прашање.

Меч на репрезентацијата на Бразил доцнел поради крај на една многу гледана серија

Натпреварот од квалификациите за Светско првенство 2026 меѓу Бразил и Еквадор (1:0) одигран пред неколку дена, започнал со 20 минути подоцна од планираното поради тоа што во земјата завршувала најгледаната серија.

Која година би ја повторил Новак, 2011 или 2024?

Прашање е доста тешко бидејќи годинава ја круниса величествената кариера со златен олимписки медал и тоа на 37 години, но 2011-та пак е нешто посебно, неповторливо и се смета за најдоминантна година во историјата на тенисот. Освои 10 турнири меѓу кои Австралија опен, Вимблдон и УС опен и врза неверојатна серија од 43 меча без пораз.