Дончиќ го кутна Денвер без Јокиќ и Мареј

Кошаркарите на ЛА Лејекрс го совладаа Денвер Нагетс 120-108 во уште еден натпревар без Леброн Џејмс, но во натпревар во кој одново издоминира Лука Дончиќ.

Суперѕвездата го водеше Лејкерс до нов триумф, 43-ти овосезонски со 31 поен, 9 скока и 7 асистенции. Одличен настап, како и многу пати сезонава имаше и Остин Ривс кој со 22 поени, 5 скока и 8 асистенции го следеше Дончиќ.

Двоцифрени во победничкиот состав беа уште и Донан Фини-Смит со 14 поени и по 4 скока и асистенции, Далтон Кнехт со 12 поени колку што имаше и Гејб Винсент а 10 постигна Џаред Вандербилт.

Нагетс играше без нивниот водечки тандем Никола Јокиќ-Џамал Мареј кои беа отсутни поради повреда (Јокиќ влече повреда на зглобот на ногата и лактот, а Мареј на скочниот зглоб).

Во таква ситуација 5 кошаркари на Денвер беа двоцифрени: Арон Гордон имаше дабл-дабл учинок со 26 поени и 11 скока, резервистот Џален Пикет уфрли 14 поени со 4 скока и 5 асистенции, Кристијан Браун постигна 10 поени со 4 скока и 3 асистенции, ветеранот Расел Вестбрук имаше добар настап со 12 поени, 4 скока и 9 асистенции а Пејтон Вотсон исто стигна до 12 поени.

20 март 2025 - 08:04