
Конечно после долго време, дојдоа моментите на Лига на Нации. Вечерва (20:45) ќе се играат првите натпревари од двомечите меѓу:
Данска - Португалија
Хрватска - Франција
Италија - Германија
Холандија - Шпанија
Сите четири класици започнуваат во 20:45 часот а реваншите се закажани за недела.
Во полуфинале евентуално ќе се сретнат Италија/Германија - Данска/Португалија и Холандија/Шпанија - Хрватска/Франција.
Домаќин на завршниот турнир од Лига на Нации, на 16-ти декември лани во 2024-та УЕФА одлучи да биде победникот од двомечот Италија-Германија.
Во случај тоа да е Германија, ќе се игра на „Алијанц Арена“ во Минхен (полуфинале или финале) и на „МХП Арена“ во Штутгарт (полуфинале и натпревар за трето место).
Ако Италија ја совлада Германија, ќе стекне право да биде домаќин а веќе предложила домаќинства: Стадионот на Јувентус (двете полуфиналиња и финале) како и „Олимпискот Стадион“ во Торино (за трето место).
Хрватска и Франција на „Пољуд“ во Сплит ќе одиграат реприза од финалето на Мундијал 2018 кога Французите славеа убедливо 4:2 и освоија светска шампионска титула.
После тој дуел во финалето, овие две селекции се слушнаа уште четири пати, а Франција славеше на двете последни средби.
Данска и Португалија првиот дуел ќе го играат во Копенхаген, а Португалците како шампиони на првото издание на Лига на нации се фаворити за пласман на завршниот турнир.
Данците се под водство на новиот селектор Брајан Риемер а Данска нема победа на последните четири натпревари, додека ибериската селекција нема пораз во групната фаза од Лига на нации.
Италија и Германија, селекции кои го играа големото финале на Светско првенство 1982-ра, вечерва ќе се сретнат по 19-ти пат меѓу себе. Во тоа фамозно финале Германците славеа 3-1.
На последната нивна средба Германија победи 5-2 во натпревар од сезоната 2022/2023 во Лига на Нации, на „Де Куип“ во Ротердам, а после ќе гостуваат на „Местаља“ во Валенсија.
Спектакл се очекува и на двомечот меѓу Холандија и Шпанија. Холанѓаните прво ќе го пречекаат европскиот шампион и актуелниот првак од Лига на Нации.