Offside

Да, насловот ве зачуди, признајте, ама само сме иронични. Диего Симеоне да ти имал империја на недвижности која вклучува 180 станови и 7 згради. Нема потреба друже и кај нас, терај си фудбалот.

Барса везе

Каталонскиот тим бележи супер старт сезонава и има 5 од 5 со убедлив напад од 17 постигнати гола, за разлика од Реал и Атлетико кои имаа по 4 бода и по 8 постигнати голови помалку. На последните два меча на Реал Ваљадоил дома му дадоа 7, а на Жирона викендов на гости 4. Погледнете ги какви акции прават.

Лоб на колото, ремек дело

Тимот на Го Ахед Иглс во холандското првенство со 1-2 ја совладал Спарта Ротердам. Стрелец на победничкиот гол бил Виктор Едвардсен во 53’ минута кога решил со лоб да го матира домашниот голман.

Навивачите на Ајакс на гостување кај полицијата пред зграда

Стотици навивачи на Ајакс Амстердам се решиле за голем протестен собир пред зградата на полицијата. Причина: полицискиот синдикат веќе 2-3 недели е во генерален штрајк па натпреварите кои ги игра Ајакс на домашен терен не можат да бидат обезбедени. Навивачите не биле на стадион со денови па им прекипело и бесот го искалиле баш кај нивниот најомразен ривал, полицијата и тоа на „гостински“ терен.

Има ли цена настапот за македонска репрезентација?

Уште одамна низ чаршијата имаше муабети дека кај одредени селектори, постоеше опција да платиш по неколку илјади евра, за да добиеш место во националниот тим. На тоа незгодно прашање одговор дава Боби Милевски.

Антологиски резил во црногорскиот фудбал

Натпреварот меѓу Јединство и Дечиќ од 7. коло во Црна Гора или судијата го товарел на двојка или па типувал гостинскиот тим прв дава гол. Трето објаснување после овие срамни сцени немаме. Погледнете каков гол им призна на гостите кои поведоа, а мечот заврши 1:1. Треба лиценцата да му ја одземат, под итно.

Нено со одлично деби за Милано и тројка ала Кари

Само два дена после промоцијата, Ненад Димитријевиќ го одигра првиот натпревар за Олимпија Милано, која загуби на пријателска од Фенербахче 81:76. Македонскиот плејмејкер беше најдобар во својот тим со 14 поени, 5 скокови и 3 асистенции, а постигна и атрактивна тројка, која италијанскиот тим ја истакна на социјалните мрежи.

Врвен кам бек на Меси со два гола за пресврт и асистенција

15 гола и 15 асистенции на 19 натпревари. На никој во историјата на МЛС му нема успеано ова.

Нигериецот кој влегол во игра без знаење на тренерот и го дотолчил Тотенхем

Имавме јутјубер кој упадна на терен во дрес на Англија, па потсетивме на една слична поуспешна епизода на одбојкарски натпревар. А сте чуле ли до сега фудбалер сам да си влезе во игра?

Луда компилација од Бундеслига со голови во судиско

Збирот е многу јак со ретро натпревари од изминативе години, кои го креваат адреналинот до даска, бидејќи се решаваат во самиот финиш. Го има Левандовски во Баерн, Јовиќ во Ајнтрахт Франкфурт и се разбира клипов не може да помине без Баер Леверкузен.

Сонот за прошталниот меч на Дел Потро со Ѓоковиќ ќе се исполни

Хуан Мартин дел Потро кој за 10 дена полни 36 години и кој во 2009-та во финалето на УС опен го победи Федерер, сними видео со кое го најавува својот проштален натпревар, кој ќе го одигра во Буенос Аирес на 1 декември. Во видеото се појавува и неговиот пријател кој го покани како гостин.

Големот Двејн Вејд добива прва статуа пред салата на Мајами Хит

За 27-ми октомври е закажана церемонија на откривање на голема статуа на прославениот кошаркар на Мајами Хит, Двејн Вејт, голема НБА суперѕвезда.

Влаховиќ во слободно време

Ама нешто не му излезе на крај есапот како што очекуваше.

Роналдо прв во светот до рекордни милијарда следбеници

Само што го прослави голот број 900 во кариерата, Кристијано Роналдо со мега популарноста во светски рамки стигна до фасцинантни бројки и на социјалните мрежи.

Женска мајсторија на која и машки фудбалери би позавиделе

Во осминафинале на Светско првенство во фудбал за жени до 20 години, Германија У-20 со 5-1 ја совладала Аргентина У-20. Два гола дала Софија Нахтигал која постигнала и еврогол од слободен удар. Права мајсторија.

Единствени легионери од своите земји во историјата на шпанска Ла Лига

Во најдобрата шпанска лига играле фудбалери речиси од целиот свет. Има земји кои дале по еден единствен легионер во Примера. Македонци кои играа или играат таму се:

Ѓоковиќ пред Дејвис Купот: „Дојдете, можеби за последен пат играм во Србија“

Во рамките на тенискиот Дејвис Куп кој веќе активно се игра, Србија утре настапува против Грција. Предводник ќе биде нормално Новак Ѓоковиќ, а дуелите во сабота и недела би можеле да бидат последни на Ноле во неговата татковина.

Реми е уште поголем цар, успеваше и химната да ја испее

Селекцијата на Англија на гостувањето против Република Ирска во Лига на нации во еден момент во строј имаше 12 играчи. Имаа падобранец, јутјубер, на кој кусо му траеше задоволството. Треба да учи од славниот комичар Реми Галард, кој еднаш остана незабележан во таборот на француската одбојкарска репрезентација. Прво ја згрми химната, а потоа се поздрави со противничките играчи. Комедии од лик, на Јутјуб го следат 7,4 луѓе.

Тиери Анри: „Го презаситивте фудбалот, календарот е преполн“

Некогашниот најдобар центарфор на светот и голема ѕвезда на Арсенал и Барселона, Тиери Анри го критикувал фудбалскиот распоред и вели како има премногу натпревари.

Најлудата исповед од славење (со) трофеј ја има Даниеле Адани

Го паметиме како стопер на Интер, Фиорентина и Бреша, а има и 5 настапи за Италија. Ама не знаевме дека е до толку откачен лик. Споделува нешто, што веројатно никој друг фудбалер и општо спортист, нема споделено во јавност.

Делофеу на тренинг изведе генијален потег

Поранешниот фудбалер на Барселона и Милан постигна гол со чуден лоб на тренингот на Удинезе, кој посакуваме да можевме да го видиме и од друга камера од близу.

Уживај Сабаленка, никој ништо не слушна

Мелбурн 2024-та или кога и тенисерите сакаат да се опуштат.

Што би рекле битолчани, Пеп нејќе телефон на гибање

Иако овој став повеќе личи за тренери од генерацијата на Џовани Трапатони, сепак модерниот стратег кој направи револуција во фудбалот, телефоните не ги сфаќа така како што мислите.

Најбрзата жена со велосипед која го заобиколи светот за 108 дена

29.169 километри со велосипед за 108 дена, 12 часа и 12 минути. Прва точка Чикаго. Последна точка Чикаго. Ама преку четири континенти по жештини, студови, дождови...

Кај загуби тениски меч за 37 минути, па уште и се клешти на Твитер за дебаклот

Беноа Пер е најголема дилајла во тенисот, поголема и од Ник Кирјос. На домашен турнир во Рен загуби 2:0 од Џејкоб Фирнли и тоа за само 37 минути и заработи 1.200 евра. Пер освои само еден гем, а на свирежите одговори со провокација. Што направи на Твитер после мечот? Си се смее сам на себе црепот.