125 години Ајакс

Фудбалскиот клуб Ајакс полека како да плови кон помирни води, по бурните неколку сезони во кои остана без главните играчи кои ги продаде, без членови на управата од разно-разни причини и други епизоди кои го следеа овој светски фудбалски гигант. „Копјаниците“ годинава слават 125-годишен јубилеен роденден, а навивачите и екипата го одбележуваа тој јубилеј преку разни настани.

Ајакс Амстердам е основан на 18-ти март во далечната 1900-та година. Името потекнува од легендарниот грчки епски воин Ајакс.

Гигантот од Амстердам важи за најтрофеен клуб во Холандија со дури 36 шампионски титули и 20 Купа на Холандија. „Копјаниците“ имаат и 4 европски шампионски титули, 1 трофеј во Европа Лига (тогашен Куп на УЕФА), 1 пехар во Куп на Купови, 2 УЕФА Супер Купа и 2 Интерконтинентални Купови.

За Ајакс низ историјата играа бројни генијални фудбалери, а нивна клупска икона по која е и наречен стадионот „Јохан Кројф Арена“ е легендарниот Јохан Кројф.

Во последно време клубот го бараше правиот пат и помина низ сериозна резултатска и управувачка криза.

Ајакс очајно ја започна и сезонава, смени неколку тренери и сега конечно со младиот италијански стручњак Франческо Фариоли кој има 35 години, како конечно да најде прав пат.

Тимот од Амстердам зареди неколку победи, ја искористи слабата форма на главниот ривал за титулата ПСВ Ајндховен и му избега 6 бода на табелата каде Ајакс е прв.

Пред, за време и по натпреварот со АЗ Алкмар, навивачите на Ајакс на својата „Амстердам Арена“ го одбележале јубилејот 125 години Ајакс:

 

18 март 2025 - 12:31