
Фото/Видео: Гол.мк
Стотина македонски навивачи, заедно со македонските ракометари на паркетот, денеска ја испеаа химната пред мечот со Словенија во Копер. Ракометарите носеа црн флор на своите дресови во знак на сочувство и жал за 59-те загинати лица во страшниот пожар во Кочани.