Пораз на Македонија во најневажниот натпревар

По поразот во Скопје, најдобрите македонските ракометари вечерва загубија од Словенија и во Копер, 38-27, во четвртото коло од квалификациите за Европското првенство во натпревар кој воопшто не требаше да се игра. Македонската ракометна федерација побарала од ЕХФ одложување на мечот поради трагедијата во Кочани, но оттаму одбиле.

Epa images
Epa images
Epa images

Натпреварот Словенија - Македонија во салата „Бонифика“ во Копар започна со минута молк, а на македонските ракометари нималку не им беше до игра денес, по незамисливата трагедија во дискотеката во Кочани.

Што се однесува до самиот натпревар, првите погодоци на мечот ги постигнаа Јовичиќ и Филип Кузмановски. Словенските ракометари потоа направија серија од 3-0 и брзо поведоа со 4-1. Кузмановски и Пешевски резултатски ја одржуваа македонската селекција во натпреварот кој навистина никому од нашата делегација и навивачи не значеше ништо во моментите на огромна тага во татковината.

По 12. минути игра Словенија поведе со 9-4, а до паузата ја зголеми предноста на огромни и недостижни 20-12. Уште тогаш беше јасно прашањето на победникот.

Голем проблем за нашата репрезентација беше и тешката повреда на Марко Митев во 19' минута од мечот кога беше изнесен од паркетот.

На крајот конечни 38-27 за Словенија. Најефикасни во македонската репрезентација беа Филип Кузмановски со шест погодоци а по три гола дадоа Костески, Пешевски, Лазаревски, Серафимов и Павле Атанасијевиќ.

Кај Словенците Алекс Влах со 9 гола беше најефикасен играч на мечот а кај голманите Словенецот Базник одбрани осум удари, Лескај Три а кај црвено-жолтите Никола Митревски запиша шест интервенции а резервниот голман Галевски имаше четири фатени топки.

Со оглед на победата на Литванија против Естонија, Македонија сега е на трето место на табелата во групата 1 со само два бода, четири помалку од Литванците и шест од Словенците кои веќе се пласираа на Европското првенство.

Македонија прилика за место на Еуро2026 ќе ја бараме во последните две кола во кои мораме да ги победи Литванија и Естонија, но треба и Словенците да ни направат услуга.

Македонските ракометари и навивачи најтешко во живот ја испеаа химната

16 март 2025 - 20:07