Во Бугарија минута молк за жив човек

Пред неделниот натпревар меѓу Арда Карџали и Левски Софија во бугарската Прва лига, двата тима застанале гушнати на средина од теренот за да со минута молк му оддадат почит на Петко Ганчев. Се испоставило дека човекот е жив а домашниот клуб се огласил и се извинил поради погрешната вест која што ја добиле.

„Управата на Арда сака да изрази огромно извинување на поранешниот фудбалер на Арда Петко Ганчев и неговите најблиски откако клубот доби погрешна информација за негова наводна смрт. Му посакуваме на Петко Ганчев многу години добро здравје и да ужива во успесите на Арда“, стои во соопштението.

Натпреварот завршил нерешено 1-1 после што Левски останува втор но со дури 12 бода зад лидерот Лудогорец. Арда е на високото петто место во лигата од 16 клуба и речиси извесно ќе се избори за пласман во еврокуповите следната сезона.

18 март 2025 - 08:08