
Апелот на Фејсбук го испрати Фан клубот на Струмица, од каде Македонија има редовна поддршка.
Нивната порака е дека на првиот меч на нашиот национален тим против Лихтенштајн на гости, не треба да се навива и сите да бидат облечени во црно.
Да се оди на стадион без тапани, свирки и труби и да им се оддаде почит на загинатите во Кочани.
Селекторот Благоја Милевски денеска ја направи прозивката на репрезентативците во хотелот Хилтон.
Првиот меч за Македонија е закажан за 22 март во 15:00 часот против Лихтенштајн во Вадуз, а на 25 март во Скопје ни гостува Велс.
ФФМ изрази сочувство и привремено ги сопре медиумските активности