НБА деби од соништата

Бостон Селтикс игра фантастичен регуларен дел и со 50 победи и 19 порази е убедливо на второто место во Источната конференција. Уште пред неколку дена и теоретски обезбедија пласман во плејофот па сега имаат луксуз да ги одмораат најдобрите играчи. Така шанса добиваат и резервистите. Еден од нив, дебитантот Бејлор Шајермен начека прилика и маестрално постигна 20 поени, за помалку од 20 минути во победата 104:96 над Бруклин Нетс. Шајермен уфрлил 6 тројки од 7 обиди и ги воодушевил навивачите во „ТД Гарден“.

19 март 2025 - 14:37