Тенисер запали цигара на сред меч во Мајами

Аргентинскиот тенисер Франциско Комесања одигра добри квалификации за Мастерсот во Мајами иако подоцна беше елиминиран во првото коло. Комесања ја шокирал тениската јавност откако на меч во квалификациите против Американецот Мајкл Мо откако освои поен за да го добие првиот сет 6-3, седна на своето столче и ладно си запали цигара.

Комесања е 67-ми рекет на светот. Во следната рунда откако ја доби првата, повторно победи, овојпат против Јапонецот Шинтаро Мочизуики со 7:6, 7:5 и тоа му беше доволно да влезе на главниот ждреб во Мајами.

Но во првото коло изгуби од 17-годишниот Италијанец Федерико Чино кој добил покана за настап на својот прв АТП турнир. Чино е 441 место на ранг листата.

20 март 2025 - 08:28