Offside

Некогашната НБА ѕвезда, великанот на југословенската кошарка Владе Диваац во подкастот „Фаст Брејк“ кај Бајрон Скот откри неколку интересни анегдоти и призна дека направил грешка што го пуштил Лука Дончиќ иако можеше да го доведе во Сакраменто Кингс кога беше директор во клубот.

Грев за фудбалот е што ова не влезе во гол

Српскиот репрезентативец Мијат Гаќиновиќ ја имаше в рака кандидатурата за гол на годината уште на стартот на 2025-та. Следен пат вакво нешто, прашање е дали ќе му се поклопи на тренинзите на АЕК Атина, а не па во игра.

Птица го изремети Ѓоковиќ на сред сервис

Новак Ѓоковиќ обезбеди пласман во второто коло на Австралија Опен откако го доби Американецот Нишеш Басеверди со 3:1 во сетови. На еден од сервисите на Србинот се случи необичен прекин.

Сензација на Австралија опен, Циципас елиминиран во прво коло

Стефанос Циципас загуби 3:1 од 20 годишниот Американец Алекс Микелсен, инаку 41-ви на АТП и тоа е прво изненадување на Гренд слемот во Мелбурн. Со елиминација се соочи и Ник Кирјос од Шкотланѓанецот Џејкоб Фирлнли. Фаворитската улога во прво коло ја оправдаа Синер, Алкараз и Ѓоковиќ.

Гвардиола им одржа лекција на дечките кои заработуваат од неговите автограми

Пеп им даде автограми на младите навивачи, но ги искара, бидејќи доаѓаат со повеќе предмети кои потоа ги продаваат со негов автограм. „Не доаѓајте повторно, нема да ви се потпишувам, ви ги знам лицата. Одете во школо, млади сте, не си го губите времето овде. Дали сакате да го поминете остатокот од животот правејќи го ова?“, им рече Гвардиола.

Пике го начека Касиљас после Ел Класико

Поранешниот стопер на Барселона имаше специјален поздрав до екс голманот на Реал Мадрид, кои се видоа веднаш после финалето кое заврши 5:2.

Како помина спектакуларното Ел Класико во Џеда на кое Реал се соочи со потоп?

Барселона за само 48 минути му сервираше петарда на Реал Мадрид, во финалето од Суперкупот во кое е рекордер со 15 трофеи.

Неделковски: Влезот во ФК Вардар е забранет за приватни лица

Извршниот директор на Вардар, одговори за ситуацијата пред тренинг-центарот на клубот во текот на вчерашниот ден. Комити тврдат дека вратата била затворена за нив и за маркетинг тимот. Миленко Неделковски вели дека немало најава и одобрение за нивно присуство.

Голмански материјал за најсмешно видео инсерти

Атлетико Паранаенсе ја совлада Парана со 2:1 во бразилскиот шампионат. Она што се врти на големо по медиумите и социјалните мрежи е начинот на кој домаќините стигнаа до израмнување. Одамна не сме виделе ваква завршница од пенал.

Столе го вратија на клупа, Мамардашвили прими смешен гол во 93-та

Во големата битка за опстанок, Валенсија испушти 3 златни бода на гостувањето против Севиља. Со голот на Риоха во 61-ва минута, имаа водство од 0:1, но Грузиецот Мамардашвили кој се врати по повредата, направи катастрофален кикс и им подари бод на домаќините во 93-та. Валенсија е последна со 13 бода.

Изјава на денот на ММА борец од Хрватска

Се вика Томислав Сичаја, а првите впечатоци после добиена борба му се ептен искрени и оригинални. Како по дома да раскажува.

Голчишта на дербито во Торино, 12-то реми на Јуве

Јувентус игра атипична сезона со дури 12 нерешени резултати после 19 кола во Серија А. Интересно, нема ниту еден пораз и во моментов е петти на -11 од Наполи. Имаме една хрватска и една турска мајсторија на градското дерби против Торино кое заврши 1:1. Кенан Јилдиз и Никола Влашиќ се стрелците кои го разубавија мечот.

Сити начека третолигаш и го шина 8:0

Во третата рунда од ФА Купот, Манчестер Сити со втор тим беше немилосрден против Салфорд на кој му даде 8 парчиња. Хет-трик на Мекати, два на Доку и по еден на Мубама, Орејли, но и на Грилиш кој даде гол после пауза од 392 дена.

Тензии во Вардар, Миленко им забранил влез на Комити во тренинг центарот

Меѓу извршниот директор на ФК Вардар, Миленко Неделковски и навивачите кои поседуваат 15% од акциите на клубот, дефинитивно не одат работите. Вратата денеска била затворена за вториве.

Како стои Вембанјама со бројки во НБА до 21 година?

Виктор Вембанјама на 4 јануари наполни 21 година. Беше избран за прв пик на драфтот во 2023-та и на негова возраст, после 100 одиграни натпревари и само втора сезона во НБА, има бајаги за фалење.

Јокиќ и Вестбрук станаа први соиграчи во НБА со трипл дабл на два меча

Денвер го совлада Бруклин со 124:105, натпревар на кој Никола Јокиќ и Расел Вестбрук станаа првите играчи од иста екипа кои успеале да остварат трипл дабл на повеќе од еден меч. 35 поени, 15 асистенции и 12 скока за Јокиќ за трипл дабл број 162 во кариерата. 25 поени, 11 скока и 10 асистенции за Вестбрук кој го запиша 214-от трипл дабл.

Мареј во улога на тренер на Ѓоковиќ откако загуби четири финалиња во Мелбурн

Енди Мареј на 13 јануари ќе дебитира како тренер на Новак Ѓоковиќ на големата Гренд слем сцена на Австралија опен. Четири финалиња загуби од него и падна мајтап сега откако се од иста.

Нејмар, парадокс на фудбалот и милионите

Или поточно фрлање пари во вода. Тоа беше Нејмар во 2024-та. За секој допир со топката во текот на годината, Арапите му плаќале над 1 милион евра.

Е ова е мангуп од пеналџија

Едни земаат предолг залет, други се тегнат 5 саата за да го збунат голманот, трети потскокнуваат како Белингем против Димитриевски. Во Бразил на меч од категоријата за играчи до 20 години ќе ви покажат како се шутира пенал. Чиста работа.

Снимка со Влаховиќ и 5-6 жени

На социјалните мрежи се врти клип од Душан Влаховиќ, најверојатно од хотел, каде се наоѓа со пријател и пет жени. Не би требало да има проблеми, бидејќи видеото е од 29 мај 2023-та кога поради повреда не играл на мечот против Милан и плус тука уште не е женет.

Ѓоковиќ: Ме отруја со храна во хотел во Мелбурн

Новак Ѓоковиќ излезе со шокантни тврдења поврзани со неговата најнеславна епизода на Австралија опен, кога го депортираа од земјата поради тоа што не беше вакциниран.

Две ракети во ФА Купот

Фулам го совлада Ватфорд со 4:1 во 3. коло од ФА Купот. Одиме прво со бомбата на гостите, голчиште зад кое стои Роко Вата, а потоа со првиот гол на мечот кој го постигна Родриго Муниз. Ја закова ко шајка.

Маскота на Тотенхем си поигра со Салах

Нетипична сцена во англискиот фудбал, каде одредени деца се привилегирани да стојат рамо до рамо со ѕвездите. Па уште и девојче, не баш мало.

Провокаторски потег на Белингем и нови турканици на чело со Винисиус

Нов меч на Реал Мадрид, нови тензии. Како претплатени да се. Овој пат во второто полуфинале од Супер Купот против Мајорка кое го добија со 3:0. И се разбира се знае кој е главниот, Винисиус, кој прво се оправаше на терен, а потоа и во тунелот. Ама и Белингем не бил за машала. Заушки му удираше на Пабло Мафео.

Епа редар си, не ти следува столче

Турска (не)прецизност на сезоната.