Offside

Некогашната НБА ѕвезда, великанот на југословенската кошарка Владе Диваац во подкастот „Фаст Брејк“ кај Бајрон Скот откри неколку интересни анегдоти и призна дека направил грешка што го пуштил Лука Дончиќ иако можеше да го доведе во Сакраменто Кингс кога беше директор во клубот.

Кога голманот е пола тим

Во ракомет честопати голманите ги решаваат натпреварите со познатата формула „спуштање ролетни“. Но тоа знае да се случува и во фудбалот. Некој се потрудил на едно место да собере бајаги лудачки интервенции, сите за најавни шпици.

Забавата која фали на Бернабеу се вика Марсело

Каков лик беше Марсело. Додадена вредност на Реал Мадрид. 16 сезони, 25 трофеи, преку 500 настапи. Имаме компилација од 1 минута. Милина за гледање.

За првпат во 154-годишната историја на ФА Куп би можеле да играат татко против син

Англискиот ФА Куп важи за најстарото фудбалско натпреварување на светот. Вечерва би можело да се случи вечно младиот Ешли Јанг (39 години) да испише историја со неговиот 18-годишен син Тајлер Јанг.

Ретро на денот со Парма и Хернан Креспо

На моќно ретро налетавме, полно со тешкаши, а старо точно четврт век. Златното доба на италијанско.

Стефан Ѓоковиќ одби да игра со татко му

Новак Ѓоковиќ на 12-ти јануари ќе стартува на уште едно Отворено првенство на Австралија, нему омилено, каде освои неверојатни 10 шампионски титули. Ѓоковиќ веќе неколку дена е во земјата на кенгурите каде се подготвува за турнирот, а игра и на ревијални натпревари. На еден таков натпревар во мешани двојки, учесниците го викаа син му Стефан да се симне да поигра со нив, но тој одби.

Спектакл во чест на 125 години Лацио

Фудбалскиот клуб Лацио, еден од најстарите во Италија, слави 125-ти роденден. На плоштадот на слободата (Piazza della Libertà) во Рим се собрале околу десетина илјади тифози на Лацио кој одбројувале пред полноќ. Вечер исполнета со многу огномети, пиротехника, шалови и песна. Среќен роденден Лацио!

Се роди ли новиот Дражен Петровиќ?

Во Хрватска велат дека е роден наследниот на Дражен Петровиќ. Се вика Тони Гарма, има 14 години, а на 12 држел просек од 44 поени по натпревар. На Цибона и дал импозантни 73 поени. Чудо од дете.

Бугаринот Попов од Софија е европска скијачка сензација

Бугарската скијачка ѕвезда Алберт Попов направи сензационален успех откако славеше на ноќниот слалом на Светски Куп во Мадона ди Кампиљо (Италија). Попов на тој начин стана само вториот Бугарин во историјата кој победил на Светскиот Куп.

Дете најискрено ќе си каже

Маскотите, како што во Англија ги викаат децата кои заедно со играчите фатени за рака излегуваат на теренот пред натпреварот се мошне забавен дел од секој меч. Коментаторот на Скај Спорт констатира дека оние на Тотенхем од недела во недела се најсмешни, најзабавни. Така беше и синоќа пред мечот со Ливерпул од полуфинале на Лига Куп. Едно дете му дофрли на Ван Дајк:

Барса лесно против Атлетик Билбао, Ламал одново правеше шоу

Фудбалерите на Барселона го победија Атлетик Билбао 2-0 во полуфиналето на шпанскиот Суперкуп кој се игра во Саудиска Арабија. Мечот го одбележија сјајните Гави со гол во 17-та минута и Ламин Јамал со погодок во 52. минута за конечни 2:0. Барселона во финале ќе го чека победникот од дуелот Реал Мадрид - Мајорка кој се игра вечерва од 20.00 часот.

18-годишен бисер на Тотенхем го матираше Ливерпул

Во првиот натпревар од второто полуфинале на англискиот Лига Куп, Тотенхем пред повеќе од 60.000 гледачи го совлада Ливерпул 1-0 и му го нанесе само вториот пораз на последните 20 средби во овој турнир. Ливерпул играше со 10 играчи при голот на младиот Лукас Бергвал зошто левиот бек Костас Цимикас примаше лекарска помош после груб недосуден фаул токму од Бергвал пред самиот погодок.

Чарлс Баркли за Џордан, Коби и Леброн

„Никогаш не сум видел подобар кошаркар од Мајкл Џордан. Јас не го ставам Леброн ниту пред Коби. Разликата е во тоа што Леброн е добар дечко. Никој никогаш не го рекол тоа за Мајкл и Коби. Тие ќе те решат на терен и цело време ќе ти го кажуваат тоа. Леброн не е таков“, смета Баркли.

Служба е служба, ама дерби е дерби

Градската пресметка меѓу Рома и Лацио е посебно соочување, кое се доживува само два пати во една сезона. Тоа што го ставиле полицаецов во неделата втора смена е како бонус да му исплатиле. Победија неговите 2:0.

Легендарна снимка од тренинг со Владе Дивац и Карим Абдул Џабар

Се работи за 1990-та, една година откако Владе е пристигнат, а Карим пензиониран во Лејкерси. Дивац има 21 година, а Џабар 43 и работи со Србинот на камп, организиран од Лос Анџелес Лејкерс. Има од кого да учи игра еден на еден. Човекот меѓудругото тежи 6 НБА прстени, 6 МВП признанија, рекордер по број на постигнати поени до 2023-та, примат кој му го одзеде Леброн.

Како навивачите на Партизан спремаат кореографија?

Кошаркарите на Партизан имаат огромна поддршка каде и да играат, а особено во белградска Арена. После серијата порази, црно-белите забележаа неколку победи во низа и се вратија во игра за место кое води во плејоф на Евролига. Последно го совладаа Макаби Тел Авив 98:75 а мечот го одбележа дождот од плишани играчки за деца од социјално ранливи категории и кореографијата на навивачката трибина.

19 години од легендарниот слалом на Јаница Костелиќ со еден стап

Јануари е месец на зимските спортови. По тој повод Хрватите потсетија на скијачки великан кого го ставаат во ист кош со еден Лука Модриќ.

Барселона распродава вредни предмети на аукција

Фудбалскиот клуб Барселона кој се наоѓа во исклучително тешка финансиска состојба, изнаоѓа разни начини да заработи нешто со цел да покрива разни милионски дупки.

Надреална футсал мајсторија во Русија

Да немаше забавена снимка, веројатно немаше ниту да сфатиме како да го изведе ова. Иако, да бидеме искрени уште не ни е јасно до крај.

Колеџ екстаза: In your face

Во НБА секој ден е ова. Фората е да го направиш како студент, а потоа да им ги видиш реакциите во публика. Прајслес.

Ол-Стар 360 степени забивање на Зајон Вилијамсон

Ѕвездата на Њу Орлеанс Пеликанс повеќе е отсустен отколку што е на паркетот. Синоќа се врати на терен после цели 27 меча пауза поради повреда. Неговиот тим изгуби од Минесота Тимбервулвс и тоа им беше 30-ти пораз на 37 натпревари сезонава. Зајон Вилијамсон имаше 22 поени, 6 скока, 4 асистенции, 3 украдени топки, 1 блокада и 1 страшно забивање за 27 минути на теренот.

Јуначка партија на Предраг Рајковиќ со три одбранети пенали

Ал Итихад и Ал Хилал одиграа драматично четвртфинале во кралскиот Куп во продолеженија и пенали. 120-те минути фудбал донесоа резултат од 2:2 кои ги постави двојниот стрелец Карим Бензема, кој израмни во 114-та минута. Пеналите ги реши првиот голман на Србија, Предраг Рајковиќ кој фати 3 од 4 и со тоа го однесе Ал Итихад во полуфинале. Само на својот сонародник Милинковиќ Савиќ не успеа да му ја одбрани.

Ќе речеш пријателска пред Светско, а тие за гуша се фатија

Се разгорува атмосферата пред ракометниот Мундијал кој стартува на 14 јануари во трите земји домаќини Хрватска, Данска и Норвешка. Словенците го добија Катар во пријателска средба со 38:30, во не баш пријателска атмосфера.

Море, Сампдорија и Лука Виали

Во понеделникот на 6-ти јануари стотина навивачи на Сампдорија и членови на управата на овој клуб се собрале на брегот на морето во градот Џенова, со цел сеќавање на големиот Џанлука Виали кој почина пред две години. „Понеси шал за Џанлука“ се вика акцијата која се организира за некогашниот италијански репрезентативец и голем шампион со Сампдорија.

Страшно забивање на Леброн Џејмс, едно од најжестоките во кариерата

Лос Анџелес Лејкерс доживеа тежок пораз од Далас Маверикс 118-97. Леброн Џејмс имаше дабл-дабл во поразот со 18 поени и 10 скока а на свои 40 години покажа и дека уште е меѓу најдобрите забивачи во цела НБА лига.