На Трамп му се гледа УФЦ борби во дворот на Белата куќа

Претседателот на САД изнесе нова ексцентрична идеја, кажа дека размислува да организира УФЦ спектакл на тревникот пред Белата куќа каде би имало капацитет за 25.000 гледачи. Настанот би бил следната година по еден голем повод и голем јубилеј.

Доналд Трамп зборуваше за прославата на 250-годишнината од американската независност која е 4-ти јули следната 2026-та. Меѓу другите настани кои ги најавуваше, американскиот претседател кажа и за борби во УФЦ.

„Имаме премногу простор таму. Замислете само вистинска борба од УФЦ пред 20-25.000 луѓе на тревникот пред Белата куќа“.

Портпаролката на Белата куќа Каролин Левит изјави дека претседателот на САД е „смртно сериозен“ во врска со оваа замисла и сака да ја реализира. Трамп е познат како голем љубител на мешаните боречки вештини (ММА), често присуствувал на настани организирани од првиот човек на УФЦ, Дејна Вајт кој му е голем пријател и политички соборец.

4 јули 2025 - 10:07