Offside

Вечерва и утре вечер се играат првите натпревари од баражот за влез во Лига на шампиони, последно квалификациско скалило пред сонуваната елита. Реваншите се на 25-ти и 26-ти август.

Запознајте ги Лили и Елса

Ако случајно уште има мажи на светов кои се двоумат дали за време на Олимписките игри во Лондон да гледаат женска одбојка на плажа или дигање тегови, нека се запознаат со Шпанките Лилиана Фернандез Стајнер и Елса Бакеризо Мекмилан.

Суспензија за сите учесници во скандалот

Сите осум натпреварувачки во бадминтон кои калкулираа на своите натпревари и не сакаа да победат за да ги избегнат посилните противници во следаната фаза се дисквалификувани!

Конечно и домаќините се израдуваа на злато

Британците имаа огромни очекувања од нивните спортисти пред почетокот на Олимписките игри во Лондон, но стигнаа до првиот златен медал дури на петтиот натпреварувачки ден.

Наместо утринско кафе

Светскиот рекордер на 50 и 100 метри слободно, пливачот Сезар Сиело има чудна рутина за будење на телото пред натпреварите.

Што прават?

Да им ги зумиравме фаците можеби ќе си помислевте дека се фатени на дело при вршење друга работа.

Се „калкулира“ и на Олимпијада

Зачестија скандалите на спортските натпревари, а не останаа имуни ниту олимпијците. Неспортско однесување со „неангажираност" на натпревар за во следната фаза да добијат полесен противник се случи на два натпревари од бадминтон турнирот на Олимписките игри.

Српскиот селектор збесна

Ракометното дерби на Олимписките игри во Лондон им припадна на Хрватите кои ја прегазија Србија со 31:23. И нормално, селекторот на Србија, Веселин Вуковиќ полуде и им се истури на играчите. Превод не е потребен.

Тунижаните недораснати за своите идоли

Кошаркарскиот „Дрим-тим" на САД не се ни испоти против репрезентативците на Тунис кои пресреќни што изгубија под 50 разлика по крајот на натпреварот си побараа автограми од своите идоли.

Фелпс е најуспешен олимпиец на сите времиња

Со победата на штафетата на САД на 4х200 метри слободно, пливачот Мајкл Фелпс стана најтрофеен олимпиец на сите времиња со 19 освоени медали на Олимписките игри.

Цонга го доби најдолгиот тениски натпревар

Жо Вилфред Цонга и Милош Раониќ го одиграа најдолгиот тениски натпревар во историјата на Олимписките игри на кој Французинот славеше со 25:23 во третиот сет.

Олимпиец или порно ѕвезда?

Џими Кимел им даде тешка задача на луѓето кои беа во публика на неговото шоу. Тие требаше да погодуваат дали личностите на сликите кои им ги прикажа се олимпијци или порно ѕвезди. И како што и се очекуваше, незаинтересираните Американци се изнапромашуваа со одговорите.

Зошто пливачите носат две капи?

Ако ги следите натпреварите во пливање на Олимписките игри во Лондон, веројатно забележавте дека многу пливачи носат две капи. Но зошто е тоа така?

Шарапова заработува најмногу

Руската тенисерка Марија Шарапова осма година по ред се наоѓа на врвот на листата на професионални спортистки со најголема годишна заработка.

Олимписка забава на австралиски начин

Додека повеќето спортисти се забавуваа за време на церемонијата на отворањето на Олимписките игри, австралиските веслачи морале да останат во соба затоа што следното утро имале натпревар. Но кога им завршил натпреварот тие решиле да надокнадат за пропуштеното.

Премиерот е малер

Британците го најдоа малерот на Олимписките игри. Тие го замолија премиерот Дејвид Камерон веќе да не посетува спортски настани затоа што каде и да се појавил тој, нивните спортисти потфрлаат.

Данско голчиште

Нема многу активни фудбалски првенства низ Европа, но и таму каде што се игра паѓаат многу добри голови. Таков беше голот на Ласе Рисе на натпревар од данскиот шампионат помеѓу Рандерс и Архус.

Девојчињата доминираат во Лондон

Најинтересните приказни од Олимписките игри во Лондон повторно ни доаѓаат од базените каде до вчера главна вест беше 16-годишна пливачка од Кина, а денес 15-годишно девојче од Литванија стана најмладата освојувачка на златен медал во базен.

Најлошите церемонии на отворање

Британците направија вистински спектакл при отворањето на Олимписките игри во Лондон, но не секогаш вакви церемонии поминувале во најдобар ред. Ова се најлошите церемонии на отворање:

Мишел го изгушка „Дрим-тимот“

Првата дама на САД, Мишел Обама им даде поддршка на кошаркарите, а по победата над Франција не ја пропушти приликата да ги изгушка и да им честита на сите поединечно.

Олимписка ТВ програма

Следете го распоредот на Олимписката програма на МТВ 1 и Eurosport и не пропуштајте ниту еден интересен момент од Олимпијадата во Лондон.

Ве молиме не твитајте и не праќајте пораки

Организаторите на Олимписките игри ги замолија гледачите кои во живо ги следат натпреварите да не испраќаат пораки и да не твитаат затоа што преоптоварената мрежа го нарушува ТВ преносот.

16-годишно девојче побрзо од Лохте

Малото девојче од Кина го привлече вниманието на целиот свет откако го освои златото со време за нов светски рекорд во дисциплината 400 метри мешано, но нејзиниот успех е уште поголем ако се знае дека таа е побрз и од машкиот шампион.