По 10-ти пат во Порто Алегре се одржа хуманитарниот фудбалски натпревар за подигање на свесноста и собирање пари за борба против сиромаштијата во Бразил и Африка.
Екипата на (вистинскиот) Роналдо ја сочинуваа фудбалери како Зико, Кафу, Роберто Карлос, Ромарио, Едмундо, Нејмар и Леандро Дамјао, а Зинедин Зидан во својата екипа ги имаше Деко, Хиеро, Салгадо, Рикелме и Фалкао.
Натпреварот го судеше легендарниот Колина, а на крајот победи екипата на ослабениот Роналдо со 3:2.