Една од најдобрите американски натпреварувачки на средни патеки која настапи на Олимписките игри во 1992, 1996 и 2000, Сузи Фејвор Хамилтон призна дека работи како „придружничка" која наплаќа по 600 долари на час. Американските медиуми ја открија откако таа преку агенција ги нудела нејзините услуги на клиенти од Лас Вегас, Чикаго и Хјустон. Хамилтон користела псевдоним, но не го криела својот идентитет од клиентите.
Хамилтон призна за својот таен живот преку својот Твитер профил каде како причина го наведе тешкиот период во нејзиниот брак.
Сузи Фејвор е позната во светот на спортот по нејзиното намерно паѓање и глумење повреда на Олимписките игри во 2000-та година откако виде дека ја губи трката.