Во нокаут фазата од Лига Европа, Македонија ќе има двајца претставници. Даниел Георгиевски ќе има тешка задача против шампионот на Холандија, екипата на Ајакс, а Пандев со Наполи ќе имаат полесна задача против чешкиот Викторија Плзен.
Од останатите поинтересни двојки се издвојуваат дуелите Атлетико Мадрид - Рубин, Интер - Клуж, Зенит - Ливерпул, Борусија Менхенгладбах - Лацио и Тотенхем - Лион.
Во 1/16-финалето на Лига Европа ќе се сретнат:
БАТЕ - Фенербахче
Интер - Клуж
Леванте - Олимпијакос
Зенит - Ливерпул
Динамо Киев - Бордо
Леверкузен - Бенфика
Њукасл - Металист
Штутгарт - Генк
Атлетико Мадрид - Рубин
Ајакс - Стеауа
Базел - Днипро
Анжи - Хановер
Спарта Прага - Челси
Борусија (М) - Лацио
Тотенхем - Лион
Наполи - Викторија Плзен
Првите натпревари ќе се одиграат на 14 и 21 февруари, а реваншите се закажани за 7 и 14 март.
Доколку успеат да го поминат првото нокаут коло, Наполи во осмина финалето ќе се сретне со подобриот од дуелот БАТЕ/Фенербахче, а Стеауа ќе игра против победникот од дуелот Спарта/Челси.
Во 1/8-финалето на Лига Европа ќе играат:
Наполи/Плзен - БАТЕ/Фенербахче
Леверкузен/Бенфика - Динамо К./Бордо
Анжи/Хановер - Њукасл/Металист
Штутгарт/Генк - Борусија М./Лацио
Тотенхем/Лион - Интер/Клуж
Леванте/Олимпијакос - Атлетико М./Рубин
Базел/Днипро - Зенит/Ливерпул
Ајакс/Стеауа - Спарта П./Челси
Осминафиналните дуели ќе се играат на 7 и 14 март.
Финалето од Лига Европа ќе се одигра на 15 мај во Амстердам.