Offside

Најголемото засилување за „кралскиот клуб“ летово е 19-годишниот Јан Диоманде за кого на Ред Бул Лајпциг ќе му платат 125 милиони евра. Оваа сума е огромна затоа што Реал Мадрид одеше до крајот: првата понуда од 90+10 милиони им ја одбија, па се појави и ПСЖ како конкурент само за да ја зголеми сумата.

Ван Бастен: Не можев да спијам пред натпревар

Повлекувањето од тренерската функција легендарниот холандски напаѓач ја открива во интервју за Скај спорт.

Вечниот храм Енфилд Роуд

Историја, традиција, радост, тага, легенда или со едно име Енфилд Роуд. Стадионот на кој се одржуваат комеморации, прослави на титули и разни манифестации поврзани со Ливерпул, градот кој живее за фудбалот.

Кошот на Махковиќ не бил случаен

Видеото со чудниот кош на Блаж Махковиќ во АБА лигата против Партизан го виделе 165.000 луѓе, а играчот Олимпија денес на тренинг покажа дека тоа му е специјалност а не случајност.

Дербито на вечерта во Рим, Ибраими против Челси

Лигата на шампионите продолжува вечерва со натпреварите од третото коло, а мечот на вечерта ќе се игра на Олимпико во „вечниот град". Манчестер Сити во студената Москва пред празни трибини, ПСЖ на Кипар, Барселона против Ајакс во пресрет на Ел класико следниот викенд.

Рома - Баерн Минхен во 20:45

Од спорт на ТВ за денеска имате преноси од третото коло во фудбалската Лига на шампиони.

Пет години затвор за Писториус

Параолимпиецот е осуден за убиство на неговата девојка кое се случи минатата година во неговиот дом.

Најстрашниот боксер не може да најде достоинствен противник

Генадиј Головкин, веројатно најдобриот боксер на светот, лесно го совлада Мексиканецот Марко Антонио Рубио во саботата, но ќе треба уште време додека најде прав предизвик во рингот, затоа што промотерите се плашат да ги пуштат клиентите со него.

Да му однесеме џус на судијава

На Европско јуниорско првенство во Загреб се тепаа Хрватот Видо Лончар и Литванецот Алгирдас Баниулис. Домаќинот загуби, гостинот избега, а остатокот ќе треба да го видите.

Банкарите ги надмудрија докторите

Екипата на МЕПСО со убедливи 6:0 стигна до првиот триумф во третото коло од Бизнис лигата во Македонија. Победи славеа и ЕЛЕМ против Лукоил и Sparkasse над Систина.

Антиќ четири минути во игра на триумфот против Шарлот

На претпоследниот подготвителен натпревар пред новата сезона во НБА лигата, Хокси славеа на домашен терен со 117:114.

Се појави дрон и во Премиер лигата

Инцидентот во Белград не треба да биде, но како да им станува инспирација на навивачите кои овој викенд управуваа со летало на стадионот Етихад.

Нема пенал за џудо потег

Кога веќе судијава не му даде картон или барем фаул за потегов, можеше да му даде поени за одлично извршена ката.

Руди Гарсија ги исмеа фоторепортерите

На прес конференцијата во пресрет на дуелот со Баерн Минхен, Французинот не дојде до збор од блицевите што светкаа на секоја секунда, па реши да им покаже на новинарите како е да се седи од другата страна.

Диего Коста знае и во рикверц

Претходно правецот го држеше со помош на Дрогба.

Спарта Прага и Слован ќе евоцираат спомени на Чехословачка

Натпреварот меѓу чешкиот и словачкиот клуб од ЛЕ можеби нема да биде најинтересен во четврток, но ќе биде прилика екипите да се присетат на дуелите од заедничката држава.

Размената меѓу Баерн Минхен и Рома

Третото коло од Лигата на шампионите кое стартува утре носи дерби пресметка меѓу германскиот првак и италијанскиот вицешампион. На Олимпико се враќаат Бенатиа и Гврадиола.

Чекајќи за НБА

Џулијан Њуман има 12 години (по старо, 6-то одделение). Тренира и игра баскет. За да не се чудите за 10 години кога ќе го гледате на некоја Олимпијада, и заради муабетот "кој знаеа што хемија зема" (не дека не) ѕирнете му ја тренинг програмата. Нешто нејасно?

Голманот Маноне ќе им ги враќа парите на навивачите

По дебаклот на Сандерленд во Саутемптон (8:0), Италијанецот решил да зборува со целата екипа за да соберат пари и да ги утешат фановите. Саутемптон сега е трет, со само бод помалку од Манчестер Сити, а Сандерленд е 17-ти.

Осврт на второто коло од Бизнис лигата

Во второто коло на Бизнис Лигата на Македонија бевме сведоци на натпревари кои ни го одземаа здивот. Екипите беа доста уиграни, а оние кои претендираат за влез во F8 демонстрираа вистинска моќ на теренот. 

ВБА – Манчестер Јунајтед во 20:45

Од спорт на ТВ ви ги препорачуваме последните натпревари од ова коло во најсилните фудбалски лиги, како и преглед со голови.

Пораз за ЖРК Вардар во Подгорица

Македонскиот женски ракометен шампион не успеа да извлече позитивен резултат во првото коло од женската ракометна лига на шампиони. Европскиот вицешампион заслужено славеше со 23:17.

Реми за Вардар од драмата во Монпеље

Во второто гостување сезонава, „црвено-црните" извлекоа реми (34:34) против Монпеље и сега имаат 3 победи и 1 реми во групата Ц. Вардарци стигнаа до бодот во последниот напад кој го реализираше Игор Карачиќ со што Скопјани се на чекор од пласман во следната фаза.

Шкендија - Вардар на собраниски и Монпеље - РК Вардар на Алфа ТВ

Од спортската програма за денес ви ги препорачуваме фудбалското дерби во домашната лига, ракометното деби на ЖРК Вардар во Лигата на шампионите и гостувањето на МРК Вардар во Монпеље, како и фудбал од најдобрите европски лиги.