ТОП 10 изненадувања во историјата на ФА Купот
Челси - Брадфорд 2:4 (24.01.2015)
Менаџерот на Челси, Жозе Мурињо пред дуелот од 4. рунда на ФА Купот изјави дека ќе биде срамно ако неговата екипа загуби од третолигашот Брадфорд. Сините тргнаа добро и поведоа 2:0 со головите на Кејхил и Рамирес, но Брадфорд до крајот направи целосен пресврт и славеше 2:4 со головите на Стид, Мораис, Халилдеј и Јеатес. Вкупната вредност на тимот на Брадфорд изнесува 7.500 фунти, а на Челси 200 милиони фунти, со што изненадувањето е уште поголемо.
Херефорд Јунајтед - Њукасл Јунајтед 2:1 (1972)
Нисколигашот Херефорд го направи најголемото изненадување во ФА Купот во '70-те години, кога во реваншот го совлада прволигашот Њукасл. Гостите поведоа преку Малколм МекДоналд, но Рони Редфордс и Рики Џорџ во судиското продолжение го елиминираа големиот фаворит.
Врексам - Арсенал 2:1 (1992)
Арсенал како актуелен шампион во Премиер лигата гостуваше кај четвртолигашот од Велс во третата рунда од ФА Купот и испадна откако прими два гола во последните 10 минути.
Сутон Јунајтед - Ковентри Сити 2:1 (1989)
Ковентри го освои ФА Купот во 1987. година кога го совлада Тотенхем Хотспур во финалето. Две години подоцна испадна од конференцискиот Сут во третата рунда.
Бурнемут - Манчестер Јунајтед 2:0 (1984)
Еден од најомилените менаџери во англискиот фудбал, Хари Реднап прв пат го зема скалпот на еден голем фаворит како тренер на третолигашот Бурнемут.
Колчестер Јунајтед - Лидс Јунајтед 3:2
Во најдобрите денови од клупската историја, Лидс Јунајтед во 1970. година го освои ФА Купот и следната година беше вбројуван меѓу фаворитите за финалниот натпревар. Сепак, во таа намера ги спречи Колчестер во 4. рунда кога на нивниот Лејер Роуд на Лидс му дадоа три голови.
Шрузбери Таун - Евертон 2:1 (2003)
Домаќините, предводени од пораншениот идол на навивачите на Евертон, Кевин Ратклиф го победи Евертон на Вејн Руни и Дејвид Мојс во третата рунда од ФА Купот, а на крајот од сезоната испадна од четвртата лига и заигра во аматерското натпреварување.
Манчестер Сити - Мидлсброу 0:2 (24.01.2015)
Мидлсброу викендов го победи најскапиот тим на Островот, Манчестер Сити и тоа на неговиот Етихад. Мидлсброу на тој начин најави промоција во Премиер лигата следната сезона, а сензационалниот триумф остана во сенка на славјето на Брадфорд 4:2 против Челси на Стемфорд Бриџ.
Виган - Манчестер Сити 1:0 (2013)
Голот на Бен Ватсон за Виган во финалето од ФА Купот против Манчестер Сити беше можеби најголемото изненадување во англискиот фудбал во последните две децении. Виган истата година испадна од Премиер лигата и како второлигаш играше во Лигата на Европа. Роберто Манчини заработи отказ, а Сити изгуби уште еден трофеј со скапоцената екипа.
Вимблдон - Ливерпул 1:0 (1988)
Црвените од Енфилд беа непобедливи во 1988. година, но нивната серија ја прекина нисколигашот Вимблдон во финалето од ФА Купот истата сезона во мај. Лоури Санчез со глава го донесе најголемото изненадување во најстарото натпреварување на светот во 80'-те години.