Атланта Хокс со задача за идните генерации

Кошаркарите на Атланта Хокс победија и на 16. натпревар во низа, со што ја продолжија рекордната серија во клупската историја. Голден Стејт ја славеше и 19. победа по ред на домашен терен, овој пат против Бостон.

Голден Стејт Вориорс продолжува да реди триумфи, а жртва овој пат им беше Бостон кој загуби 114:111. После 52 поени пред некој ден, Клеј Томпсон синоќа уфрли 31 со шут од игра 11-19. Стеф Кари придодаде 22 поени и 11 асистенции, а Ендру Богут го заврши мечот со по 13 поени и скокови. Кај Бостон Селтикс се истакнаа Салинџер со 26 поени и 9 скокови и Еван Тарнер со 19 поени, 7 скокови и 7 асистенции.
 
И покрај слабиот старт, Сан Антонио заигра како треба во продолжение од дуелот против Милвоки и славеше 101:95. Ветеранот Данкан со 20 поени и 11 скокови беше прв стрелец кај Спарси, а Кавај Ленард имаше 19 поени и 14 скокови. Кај Бакси, Крис Мидлтон даде 21 поен.
 
Перо Антиќ имаше учинок од 7 поени (3/7 од игра), 3 скокови и 2 асистенции во триумфот на Атланта против Минесота 112:100. Творци на 16. победа по ред на Хокси беа Пол Милсап со 20 и Ал Хорфорд со 19 поени. Џеф Тиг запиша 15 поени и 7 асистенции. Кај Волците, Јанг забележа 26 поени, 6 скокови и 7 асистенции, а Мо Вилијамс имаше 20 погодоци.
 
Во највозбудливиот натпревар на колото, Вашингтон го совлада Денвер 117:115 после продолжение, а најзаслужен за тоа беше Ол-Старот Џон Вол со 19 поени (8-16 од игра) и 16 асистенции. Крис Хамфриз уфрли 21 поен и 14 скокови, а Пол Пирс додаде 19 поени. Кај Нагетси, се истакна Тај Лосон со 31 поен и 12 асистенции, но промаши шут за уште едно продолжение.
 
Асистенцијата на Џон Вол до Гортрат:
 
 
Хјустон на полувремето имаше 16 поени предност против ЛА Лејкерс и лесно го приведоа мечот до крајот. Во триумфот 99:87 фантастичен натпревар одигра Џејмс Харден кој постигна 37 поени (12-10 игра, 9-10 пенали), 8 скокови и 5 асистенции. Тери уфрли 11 поени, а кај Лејкерс најдобар беше Карлос Бузер со 18 поени и 11 скокови. Коби Брајант не играше поради повреда на рамето.

НБА резултати:
 

Денвер – Вашингтон 115:117 (после продолжение)
Голден Стејт – Бостон 114:111
Сан Антонио – Милвоки 101:95
Торонто – Детроит 114:110
Њу Орлеанс – Далас 109:106
Атланта – Минесота 112:100
Орландо – Индијана 99:106
Феникс – ЛА Клиперс 100:120
ЛА Лејкерс – Хјустон 87:99
Кливленд – Оклахома 108:99
Чикаго – Мајами 84:96