Offside

Клубот Дарул Такзим, клуб воден од принцот-наследник на Малезија поставил нов светски рекорд. Овој клуб уште на 21-ви август го надминал рекордот на АСЕК Мимозас од Брег на Слонова Коска кој во своето домашно првенство немал пораз 108 натпревари по ред од 1989-та до 1994-та.

Финска има 18 годишник кој забива како луд

Внимавајте на Мика Муринен од селекцијата на Финска, најмладата ѕвезда на ЕП. Има само 18 години, висок е 210 см, игра кошарка во средношколска конкуренција, но веќе е кандидат за забивање број 1 на Евробаскетот. Но, тешко ќе биде да се издвои најјакото од него, бидејќи само што ги воодушеви сите со страшно постер забивање против Велика Британија, истото го повтори и синоќа против Летонија.

Падна нов британски рекорд - Исак потпиша со Ливерпул

После неколку месечно тегавење, конечно на крај во последните мигови од летниот преоден рок, центарфорот на репрезентацијата на Шведска од Њукасл се пресели во Ливерпул и тоа за нов британски трансфер рекорд.

Рагби асистенцијата на Јокиќ уште во 15 секунда

Четвртата селекција која нагази на Србија на ЕП беше Чешка, која немаше никакви шанси. Момците на Пешиќ славеа +22 (82:60), а кошарка немаше веќе по првата четвртина која заврши 27:5. Дури 11 играчи се запишаа на листата на стрелци, а најпрецизен беше Аврамовиќ со 14 поени. Јокиќ одигра само 18 минути во кои оствари учинок од 6 поени, 7 скока и 4 асистенции. Две од нив ФИБА ги издвои на социјалните мрежи.

Елмас со насмевка се врати дома

Во очи на репрезентативните обврски против Саудиска Арабија и Лихтенштајн, Елиф Елмас се обезбеди со клуб и тоа онаму каде што му беше најубаво. Во Наполи.

Врвна мајсторија во Бугарија, овој пат на Мајкон

Интересно беше колото во бугарскиот фудбал викендов, каде бележиме два лудница голови и тоа на презимиња идентични со двајца славни играчи од златната генерација на Интер. Првиот на Ето од ЦСКА Софија, а вториот на Мајкон од Левски Софија. Ова може на крај да биде прогласен и за гол на сезоната.

Каша попара пред гол на мечот Интер - Удинезе

Интер киксираше во 2. коло од Серија А против Удинезе со 1:2 и тоа после водство. Готови беа да израмнат во 69-та минута, ама настана таков карамбол пред гол, што веќе не се знаеше кој што прави со топката.

Ѓоковиќ на 38 години ќе ви покаже како се враќа на сервис

Сакавме уште во наслов да напишеме „ритрн“, ама ќе има лајачи на ФБ, дека не сме пишувале на македонски. А ритрн е и никако поинаку со тениски речник. Ѓоковиќ е на три меча до 25-ти Гренд слем во кариерата.

Со Синер тешко се излегува на крај

Светскиот рекет број 1 го совлада Денис Шаповалов од Канада со 3:1 после пресврт и се пласираше во осминафиналето на УС опен. Синер стана четвртиот најмлад тенисер во историјата кој стигнал до 20 победи на сите четири гренд слем турнири. Пред него помлади со вакво достигнување се само Рафаел Надал, Борис Бекер и Новак Ѓоковиќ. Ова е поенот на мечот.

Волкановски игра оро и лепи пари на свадба како девер

Го имаме видеото на денот со големата УФЦ ѕвезда во најмакедонското издание до сега евр. Александар Волкановски, роден во Австралија, од татко Македонец и мајка Гркинка е девер на македонска свадба. Спремен отиде кај невестата, со ракија на сватовите и бакшиш за музичарите. Плус знае и орото да го тера. Ајде деверчееее.

Крајно сељачки потег на Суарез

Луис Суарез е стварно копук. Џабе толкав стаж во 9 клубови, во 6 земји, џабе трофеи и 300 камери кои му ги снимаат идиотските потези. Овој пат не гризна никого, туку плукна во фаца член на обезбедувањето на Сиетл, од кој Интер Мајами загуби 3:0 во финалето на Лига Купот.

Пешиќ му се сипа на новинар

Србија ја продолжи низата на победи, а во третиот меч на Европското ја совлада Летонија со 84:80. Светислав Пешиќ се изнервира на пресот поради прашање на српски новинар до Огњен Добриќ за наводен инцидент со летонскиот селектор Лука Банки.

Мангупарија од поен на Алкараз

Карлос Алкараз го збриша Французинот Артур Риндернех 3-0 (7-6, 6-3, 6-4), со што обезбеди пласман во четвртфиналето на УС Опен. Шпанецот им приреди шоу на Американците кои станаа на нозе после еден мајсторски поен.

Го видовте ли евроголот на колото кој го реши дербито во Премиер?

Шарени резултати имаше викендов во 3. коло од Премиер лигата. Тотенхем загуби дома од Борнмут, Манчестер Сити се посрамоти против Брајтон после водство од 0:1, а Манчестер Јунајтед се извади против Барнли во 97-ма минута. 83 минути беа потребни да видиме гол на дербито Ливерпул - Арсенал, кое го реши Доминик Собослаи со прекрасен слободен удар.

Лудачки гол во Бугарија од 50 метри на Ето

Се вика Џејмс Ето, игра за ЦСКА Софија, Камерунец е, ама не му е син на славниот Самуел Ето. Но, тоа не го намалува фактот дека веќе е кандидат за гол на сезоната во Бугарија. Ама ја опали на прва.

Нов јак поен на Томи Пол

Само два дена по драматичниот меч поен против Нуно Боргес, Томи Пол и во 3. коло на УС опен имаше долга и неизвесна партија во 5 сета, овој пат против Александер Бублик, кој не успеа да го победи. Но, и од овој натпревар имаме поен за издвојување. Тежок лоб удар каков што ретко се гледа.

МВП изданието на Јокиќ против Летонија

Србија стигна до 3 од 3 на Евробаскетот. На третиот натпревар ја совладаа Летонија со 84:80 и скоро пола од поените се на Никола Јокиќ, кој пружи доминантна и рекордна партија со 39 поени, 10 скока, 4 асистенции и 3 украдени топки. Откако Србите играат на Европско како независна држава од 2007-ма, ова е рекорд на поени. На второ место е повторно Јокиќ со 32 поени против Италија 2022, исто колку што дал и Милош Теодосиќ против Словенија 2009-та.

Дали озбилно му даде црвен на спикерот?

Мечот меѓу Универзитатеа Крајова и Истанбул Башакшехир од Конференциската лига во четвртокот, ни носи ново поглавје во фудбалот. Спикерот на романскиот тим, кој славеше 3:1, доби црвен. Немаме видено вакво нешто до сега. Вие?

Милан Илоски: Пораснав со македонските вредности, би ја разгледал можноста доколку добијам повик

Рекордер во историјата на МЛС лигата со најбрзи 4 гола е дело на фудбалер со македонско потекло. „Горд сум што сум од Македонија“, вели 26 годишниот Илоски.

Задржување време на индиски начин

Индија има 1:2 на гости против Таџикистан и добива слободен удар на истекот од 7 минута судиско продолжение, а ќе се играат 8. Значи има шанса за 1:3. Арно ама...

Блескаво деби на Жоао Феликс со хет-трик

Само 10 дена откако стрелаше на првиот меч за Ал Наср, во полуфиналето од Супер Купот на Саудиска Арабија, Жоао Феликс уште појако дебитираше во првенството. Даде три комада против Ал Тааун на гости, од кои два убави голови за конечни 0:5. Со гол дебитираше и другото големо засилување на Ал Наср, а тоа е Кингсли Коман од Баерн. Роналдо погоди од пенал.

Ѕверска игра на Јанис под кош

Грција ја совлада Италија 75:66 во нивниот прв меч на Европското. Јанис Адетокунбо беше во страшен елемент и едноставно незадржлив со 31 поен. Погледнете ја оваа доминација и тоа со потези само од првото полувреме.

Реакцијата на фудбалерите на Каират кога им се падна Реал

Во Лига на шампиони сезонава ќе гледаме три дебитанти: Пафос од Кипар, Бодо Глимт од Норвешка и Каират Алмати од Азербејџан. Се изнарадуваа за време на ждрепката, во моментот кога дознаа дека ќе играат против 15 кратниот европски првак.

Најдраматичниот меч поен кој ќе го видите на УС опен

Томи Пол и Нуно Боргес изрежираа луд финиш во петтиот сет од 2. коло на УС опен. Португалецот успеа да израмни на 2:2 после негативата од 2:0, но немаше одговор во оваа луда завршница во која повеќе среќа имаше Пол.

Шкендија ги дозна шесте противници, има патување во Шпанија

По елиминациите во Лига на шампиони и Лига Европа, македонскиот првак ќе игра во групната фаза во третото по ранг клупско европско натпреварување. Предизвикот е голем за тетовчани.