 
                            Со триумфот синоќа над Вашингтон Визардс 127 - 108, актуелниот шампион во НБА Оклахома Сити Тандер ја продолжи серијата триумфи над екипи од Истокот на 21 победа во основен дел од сезоната.
На 8-ми јануари 2025-та Оклахома Сити Тандер го забележа последниот пораз од екипа од Источна Конференција. Тогаш изгубија пред своите гледачи од Кливленд Кавалирс 129-122 и прекинаа серија од 15 победи по ред.
Но од тогаш до сега првакот во НБА нема ниту еден загубен дуел со тим од Истокот и севкупно со победите од минатата сезона до сега има 29-1. Сезонава имаат рекорд од 6-0, шест меча шест победи.
Во доигрувањето за титулата, Индијана Пејсерс минатата сезона ги победи три пати во серијата која траеше до 7. Сега Оклахома на 15-ти ноември ќе игра против Шарлот Хорнетс од Истокот, а сè претходно и подоцна до Божиќ ќе им биде против Западот.
 
 
 
