Offside

Во дербито на 10. коло од Серија А, фудбалерите на Милан убедливо со 3:1 го совладаа градскиот ривал Интер со сјајна партија на младиот Диего Мореира кој имаше две асистенции и прекрасно ремек-дело од слободен удар. 207. лигашко дерби ќе се памети по тоа што дури четири гола паднаа во прв дел.

Кога Кари ќе ја намести раката

МВП-то од минатата сезона, Стеф Кари од Голден Стејт од ден на ден продолжува да нè тера да размислуваме дали тоа што го прави е реално.

Зошто кај корнер знаменцето на Атлетико секогаш има цвеќе?

На стадионот Висенте Калдерон во Мадрид, речиси две децении, секој викенд кај едното корнер знаменце се положува цвеќе како благодарност до човекот кој му ја донесе последната двојна круна на клубот во 1996. година.

8 години суспензија за Блатер и Платини

Етичкиот комитет на ФИФА ја одреди суспензијата за првите луѓе на ФИФА и УЕФА и ги исфрли од фудбалот до 2023 година.

Барселона е светски клупски шампион

Меси еден и Суарез два гола, доволно за убедлив триумф на Барселона од 3:0 (1:0) против Ривер Плата на стадионот Јокохама во Токио.

Тикетот на Мирјана

Вчерашниот тикет на Мирјана беше 4 фатени од 6. Одиме на поправен со нови нејзини предлози.

Мистеријата со украдениот пехар за Светско првенство

На 19 декември 1983. година бил украден златниот трофеј наменет за освојувачот на Светското првенство, тогашен Куп на Жил Риме, првиот претседател на ФИФА.

Како Здравко Мамиќ излегува од затвор

Откако помина нешто помалку од еден месец во истражниот притвор, Здравко Мамиќ излезе по плаќањето кауција. По неколку кратки изјави за новинарите, Здравко тргна кон автомобилот каде со песна го пречекаа еуфоричните вработени во фудбалскиот клуб Динамо Загреб.

Тикетот на Мирјана

Ова се денешните шест предлози на Мирјана за типување.

Светскиот рекорд на Интер

Рекордот се состои во тоа што ниту еден Италијанец од италијанскиот клуб, не успеал да постигне гол една година.

Најславните 10 изјави на Жозе Мурињо

Шоу на прес конференции, напад на противниците, остри шеги: еве ги најпознатите настапи на Португалецот во 15 годишната кариера во Леирија, Порто, Интер, Реал Мадрид и Челси.

Деби голот на Касано во Серија А кој не се заборава

Бари - Интер 1:1, две минути до крај. 17 годишниот Касано прима топка од 50 метри и тоа со петица, па на глава и ги проаѓа Блан и Панучи за голема победа од 2:1 и делириум на стадион Свети Никола. Коментаторот: Касано не е свесен што направи. Потоа со години го носеше прекарот „Талентот на Бари“. Мечот се одигра на 18 декември, 1999-та.

Ако ви се читаат книги

Доколку сакате да ги одморите очите од компјутер или ве мрзи на пат да носите лап топ, анегдотите и пикантериите во спортот раскажани од најдобрите, може да ги најдете во книга. Еве мал дел од тоа што е добро за читање.

Како Табо Сефолоша стана симбол на граѓанските права во САД

Една априлска вечер во Њујорк, кошаркарот на Атланта беше повреден и уапсен заедно со Перо Антиќ. Еве ја приказната за тоа како Табо стана симбол на граѓанските права во САД.

Четири потписи за иднината до 2021 година

Навивачите на Баерн Минхен добија новогодишен подарок кој се вика: Томас Милер, Жером Боатенг, Хави Мартинез и Чави Алонсо, а тие добија плати со кои може да кажат: „збогум сиромаштијо, ќе има и за внуците“.

Леброн сериозно повреди девојка од прв ред

На мечот Кливленд - Оклахома, Леброн Џејмс тргна по една топка која одеше во аут, но загуби рамнотежа, со сета сила удри во навивачка на Кливленд по име Ели Харви и сериозно ја повреди. Жената не можела да стане сама, поради што дојде лекарска екипа и на носилки ја изнесоа од Арената. Леброн најави дека ќе ја посети редовната навивачка штом малку закрепне од повредата и дека ќе плати колку треба во болницата. Ели и нејзиниот маж, познатиот голфер Џејсон Дан со децата редовно присуствуваат на секој меч на Кавалирс.

Необична изведба на Џинг Белс во Дортмунд

Шинџи Кагава, Марко Ројс, Обамејанг и Аднан Јанузај шутираа топки во ѕвона во затворен простор и на тој начин ја исполнија најпознатата Божиќна мелодија, во пресрет на Божиќ.

Пародија од кошарка во Евролигата

Макаби Тел Авив е 51-кратен израелски првак и 6-кратен европски шампион, но синоќа скроз заборави на својата репутација и спортската етика. За да се пласира во топ 16 требаше да ја совлада Дарушафака со 11 поени разлика, но кога виде дека нема време за тоа, почна намерно да промашува од кај стигне за да се избори за реми и продолженија. Циркузот не им успеа, во нокаут фаза се пласираше турскиот дебитант во Евролигата.

Како помина најлошата сезона во животот Мурињо

Водич на сезонското патешествие на тренерот кој во мај го крена шампионскиот трофеј, а вчера попладне беше сменет од клупата на Челси.