Offside

Клубот Дарул Такзим, клуб воден од принцот-наследник на Малезија поставил нов светски рекорд. Овој клуб уште на 21-ви август го надминал рекордот на АСЕК Мимозас од Брег на Слонова Коска кој во своето домашно првенство немал пораз 108 натпревари по ред од 1989-та до 1994-та.

Шпанија ја размонтира Турција 0-6, Ламин Јамал се поигруваше

Турција пар години под водство на Винченцо Монтела важи за млада, полетна репрезентација со ѕвезди како Арда Ѓулер, Актуркоглу, Чаланоглу, Јилдиз и други. Ама сега за противник во градот Коња го имаа европскиот првак Шпанија која беше немилосрдна. Шпанците ја растурија Турција со 0-6. Два гола даде Педри, три за хет-трик даде Микел Мерино и еден Феран Торес. Ламин Јамал брилјираше.

Кромидарник на денот

Тајланд го пречека Ирак на пријателска и тешко дека пак ќе го пречека. Гостите победија 0:1 и добија два црвени картони. Вториот намерен и идиотски.

Луд натпревар во Дебрецин, Израел - Италија 4:5

Џенаро Гатузо како селектор го има веројатно најефикасниот старт во историјата на Италија, со 10 гола на првите два меча во квалификациите за СП 2026. Ја совлада Естонија 5:0, а потоа Израел со 4:5. Гол за гол се играше на моменти, како во ракомет. Израел водеше 2:1, Италија го сврте мечот на 2:4, а потоа за 2 минути во 87` и 89` на семафорот стоеше 4:4. Точка на мечот Сандро Тонали во 91-ва минута.

„Где је лопта“ со Златан

Кога сме кај мундијалските квалификации, да потсетиме колку голем и моќен мајстор беше Ибра. Се работи за квалификации за СП 2006 меѓу Шведска и Унгарија. Погледнете колку малку му требаше да ја збуни цела одбрана. Голманот појма немаше каде е топката.

Соло мајсторијата на Елмас од друг агол

Македонија го совлада убедливо Лихтенштајн со 5:0 во 5. квалификациско коло за СП 2026. Елиф Елмас го постигна еден од најјаките голови во кариерата, ако не и најјак. Четворица му стоеа на патот и ги збриша сите до еден. УЕФА слепци, на голманот Бухел му го запишаа голот како автогол, бидејќи топката удри во него па влезе во гол.

Петарда на Градски, табелата за мерак

Македонија успешно оди по новиот историски поход, кој се вика Светско првенство во САД 2026. Рутинска победа против Лихтенштајн на еден месец пред многу важното гостување против Белгија.

Сабаленка ја одбрани титулата на УС Опен

Најдобрата светска тенисерка Арина Сабаленка го освои Отвореното првенство на САД во тенис откако во големото финале ја совлада Американката Аманда Анисимова со 2-0 во сетови 6-3, 7-6. Дуелот се играше 94 минути а Сабаленка потврди дека е апсолутно најдобра светска тенисерка и го освои огромниот, рекорден награден паричен фонд.

Шокантен пораз на Јокиќ и Србија од Финска

Светскиот вицешампион и бронза од Олимписките игри, репрезентацијата на Србија уште во рана фаза, во осминафинале го заврши Европското првенство откако изгуби неочекувано од Финска 92-86. Освен Никола Јокиќ кој играше одлично во текот на целото Европско и синоќа постигна 33 поени со 8 скока и 3 асистенции, сите останати беа далеку под своето ниво. На другата страна Лаури Марканен од Јута Џез блесна со 29 поени и 8 асистенции, Микаел Јантунен постигна 15 поени, а по 13 имаа Миро Литл и Елиас Валтонен.

Онана ли е, Буфон ли е?

Сега ви е појасно зошто Андре Онана е претворен во голманиште? Погледнете му го начинот на загревање. Како мачка се фрла.

Најпатетичната тепачка во историјата на фудбалот

Рој Кин, Патрик Виера и Ерик Кантона на апарати. Исто и Гатузо, Стам, Ибрахимовиќ...Многу лошо.

Трејлер за филмот „Изгубениот дрим тим“

Србија, Хрватска, Италија и Словенија во копродукција скоцкаа 80 минутен филм за неповторливата кошаркарска приказна од овие простори, за тоа како тимскиот дух и љубовта кон спортот можат да ги надминат сите граници. Се работи за уникатен момент, невиден во историјата на спортот, кога екстра силен и добро координиран тим, дава сè од себе за да победи на Европско, под знамето на земја која престанува да постои. За време на Евробаскетот во Рим 1991, додека во Југославија беснее граѓанска војна, последниот кошаркарски тим од таа земја се бори храбро за златниот медал.

Пресек од последната мега битка меѓу Ѓоковиќ и Алкараз

Четвртфинале на Австралија опен, 21 јануари 2025-та. Тоа е последното соочување на двајцата ривали кои водеа многу силна битка во 4 сета. 16 години помладиот Шпанец повеќе со 1:0 и потоа изгледа не беше свесен што го снајде. Го извади ѕверското од Ѓоковиќ. Атомски тенис играа.

Бегај Зоране, Лука ќе куца

Лука Дончиќ влезе во врвна форма и во одличен ритам го игра Евробаскет 2025. Ги однесе Словенците во осминафинале а таму сега во недела ги чека Италија со харизматичниот селектор Поцеко. Лука во Рига се загреваше така што заби преку татко му Зоран Дончиќ.

Чекај, како мислиш гол со глава од 18 метри?

Квалификации за Светско првенство 2026 се играат и во Африка. На дуелот меѓу Гвинеја Бисао и Сиера Леоне, гостинскиот капитен Кеј Камара кој има 41 година постигна велелепен гол со глава од дури 18 метри! Ова не се гледа секој ден. Домаќините потоа израмниле на 1-1 како што и завршил мечот.

Импресивните бројки на Меси за националниот тим

Лео Меси го одигра последниот натпревар за Аргентина во Аргентина. ФИФА излезе со статистика остварена досега за селекцијата со која се искачи на кровот на светот. Што повеќе од ова?

Јошко Миленковски е добитник на наградата „8 септември“ за животно дело во спортот

Министерството за спорт ги врачи државните награди „8 Септември“ за посебни остварувања во областа на спортот. Доделена е награда за животно дело и четири еднократни награди.

Што ли ќе одговори Кирјос на муабетов на Сабаленка?

На УС опен се зборува за необичен тениски натпревар наречен „Битка на половите“ меѓу Арина Сабаленка и Ник Кирјос, кој е најавено дека ќе се одржи во јануари во Хонг Конг. Белорусинката му ја фрли ракавицата на Австралиецот со грчко потекло.

Даниел Леви го напушти Тотенхем и ги шокираше навивачите

Најдолговечниот претседател на еден клуб во Премиер лига, Даниел Леви од Тотенхем, шокантно решил да ги напушти Спарс.

Колумбија се пласирала на Светско во фудбал или во брејк-денс?

Колумбиската фудбалска репрезентација рутински со 3:0 ја совлада Боливија и обезбеди пласман на Светско првенство 2026. Во соблекувална после натпреварот играле како да се на брејк-денс турнир на Олимписки Игри.

САД има проблеми во најава за Светско 2026: од временски услови до цени за влезници

Американците полека стануваат свесни дека за неколку месеци ќе бидат домаќини, заедно со Мексико и Канада на најголемиот светски настан, Светско фудбалско првенство 2026.

Пикси го посети Пешиќ со орасници, домашна пита и кокта

Во Рига се наоѓаат и кошаркарите и фудбалерите на Србија. И тоа играат во ист ден, сабота. Каква коинциденција. Фудбалската репрезентација од 15 часот се среќава со Летонија во квалификациите за СП, а кошаркарката селекција од 20:45 има осминафинална битка против Финска. Пикси го посети Пешиќ во хотел спремен со благо, а потоа си разменија и дресови.

Маса народ околу Роналдо во Ереван

Португалците ги отвораат квалификациите за Светско првенство 2026 на гости кај Ерменија. Во главниот град на оваа земја, во Ереван илјадници навивачи дошле да го видат Роналдо, да пробаат да се сликаат со него или да добијат автограм.

Бразил му даде 3 комада на Чиле, Анчелоти ги остри кариоките за Светско

Претпоследното коло од јужно-американските мина во знакот на фештата во Буенос Аирес каде на „Монументал“ Лионел Меси најверојатно го одигра последниот официјален домашен меч за Аргентина. Бразилците во сенка го совладаа Чиле 3-0 а Анчелоти почна да покажува дека спрема екипа која ќе го нападне пехарот на Светско 2026.

Необична фудбалска сцена во Танзанија

Сите фудбалери, стручен штаб, судии, па сè до сниматели, легнаа на земја за време на фудбалски натпревар во Танзанија кој беше прекинат во 77-ма минута. Збунувачки делува на прва, мислиш пука некој, а тие да се криеле од рој на пчели.