Во Бразил има 25.900 имиња Рикелме, 363 Меси и 128 Марадона

Регистерот на имиња во Бразил покажал дека имињата на славните аргентински фудбалери се прилично застапени. Пример името Рикелме е попопуларно дури и од Нејмар а помалку од Ромарио.

Едно истражување во Бразил открило дека Хуан Роман Рикелме, актуелниот претседател на Бока Јуниорс и симбол на овој клуб и аргентинскиот фудбал води меѓу популарните имиња кои им се даваат на деца во соседниот Бразил.

Резултатите на една студија во Бразил покажале дека длабоката врска која што Бразилците ја имаат кон фудбалот а посебно кон Светските првенства, се одразува и на секојдневието.

Пример нема многу имиња Кристијано Роналдо, Бруно Енрике, Диего Соуза или Габриел Барбоса. Ама затоа најпопуларно име низ годиниве се Хуан Роман Рикелме кој според студијата на Бразилскиот институт за географија и статистика го носат 25.942 луѓе. И тоа без имињата Ryquelme наместо Riquelme колку што имаат 338 лица.

Во Бразил првиот човек на Бока Јуниорс и некогашна легенда на Виљареал и Барселона го знае 0,01% од бразилското население и тоа лица од 12 години па нагоре.

Интересно меѓу раните '90-ти години само 228 луѓе го носеле името Рикелме во Бразил. Ова име станало многу популарно од 2000 до 2009-та година кога го добиле 12.220 лица. Тоа беше златниот период на Рикелме кој освои Копа Либертадорес со Бока Јуниорс во 2000, 2001 и 2007.

За некое чудо дури ни најпопуларниот бразилски фудбалер Нејмар е далеку од популарноста на Рикелме. Нејмар биле крстени 2.443 лица од кои 50 женски лица.

Овој број на лица крстени Нејмар бил помалку од 100 пред фудбалерот да дебитира за Сантос во 2009. Интересно во просек низ сите држави во Бразил најмногу 11-годишници го носат ова име. Најмногу поради настапите на бројот 10 за Бразил на последните три Светски првенства.

Името Нејмар е регистрирано во сите 27 бразилски држави. Минас Жераис има најмногу Нејмаровци (372), Сао Пауло (340), Амазонија (239) и Баија (232).

Од друга страна во Бразил 363 лица се крстени Меси а 128 Марадона.

7 ноември 2025 - 10:29