Offside

Светското првенство 2026 никако да стивне. Се уште стигнуваат вести дури и една недела после големото финале во кое Шпанија ја совлада Аргентина со 1-0 и после европската титула ја освои и светската. Сега стигнува информација дека САД би можеле на име на даноци да и земат на Шпанија дури 19 милиони долари од рекордната сума која ФИФА ја дава за светски првак.

Прегратки и позитивни вибрации со маскотата во Скопје

Официјалната маскота на Европскиот летен олимписки фестивал се вика Шајни. Таа е задолжена за ширење позитивна енергија меѓу спортистите во Скопје.

Јокиќ во Кина фати да се трка со воз

Забавно им е на Кинезите со Никола Јокиќ, кој отпатува кај нив поради обврски кон спонзорот за спортска опрема.

Моќна изведба на македонската химна во Јане Сандански

Стартуваше Европскиот младински олимписки фестивал (ЕМОФ) Скопје 2025, најмасовен спортски настан досега во Македонија, која прими над 4.000 спортисти меѓу 14 и 18 години. За интонирање на македонската химна се погрижи хорот на Националната опера и балет.

На Џеси Лингард му легна ептен

Голчишта на сите страни и тоа во јули месец, кога мируваат куп првенства. Прво во Јапонија, па во Полска и сега во Јужна Кореја, каде втора година игра Џеси Лингард за тимот на Сеул. Ја издиша топката.

Луд гол во Јапонија од преку 40 метри

Кашима Антлерс против Кашива Рејсол. Никој не можеше да го предвиди, овој целосно неочекуван удар на мајстор Лео Сеара. Бомба.

Ќе речеш бек, а завршницата му е Лео Меси

Пољаците ја почнаа новата сезона викендов и уште во прво коло падна мајсторија. Ама од оние кои ретко се гледаат, со голчиште од речиси мртов агол. Бекот Јан Гжешик од Радомијак Радом ги изненадите сите на дуелот против Погон Шчечин.

50 часови во автобус и поминати 3.000 километри за 90 минути фудбал на ФК Вардар

Сè од свој џеб. Ни денар од Миленко, ни цент од Управа. Тие не само што не ни помогнаа, туку ни даваа и забрани.

Дечки Хулк шутира, со време тргајте се

Од 2004-та е активен, а за четири дена полни 39 години. Не е застанат со торпедирање за Атлетико Минеиро. Има 128 гола во последните 5 години. Што ти е стара коска. Испука две бомби од слободен удар против Палмеирас кој славеше со 3:2, а во судиско уште една за 3:3, ама му ја фатија.

Олимпискиот оган гори во Скопје: Спектакуларно отворен ЕМОФ Скопје 2025

Со дефиле на 50 делегации со над 4.000 спортисти, во спортскиот центар „Јане Сандански“ и официјално стартуваше Европскиот младински олимписки фестивал (ЕМОФ) Скопје 2025. Олимпискиот оган го запали Дејан Георгиевски.

Ново Меси шоу со два гола и две асистенции

Лео Меси веднаш им се врати на головите, по само еден натпревар пауза, кој Интер Мајами го загуби со 3:0 од Синсинати. Даде два комада и направи две асистенции за победа над Њујорк Ред Булс од 5:1. Прекрасен пас до Жорди Алба на Меси, уште појако додавање на Бускетс до Меси. Има 13 гола и 5 асистенции на последните 8 меча.

Олимписки спектакл во Македонија со над 4.000 спортисти од 50 земји

Стартува Европскиот младински олимписки фестивал (ЕМОФ) Скопје 2025. Македонија ќе ја претставуваат рекордни 181 спортисти во сите спортови.

Сашко Кедев стана прв Македонец кој ги освои сите 14 врвови над 8.000 метри

Упорниот Сашко Кедев ја испиша историјата и направи подвиг кој не му успеал на ниту друг алпинист од Македонија.

Непрепорачлива имитација на денот

Прво фати да го имитира Нејмар, па Кристијано Роналдо. Со помин да е младичу.

На Европското за жени се случи сквернавење на ударот од белата точка

После 2:2 во регуларниот дел, Англија и Шведска во четвртиналето на ЕП мораа да изведуваат пенали. Сведоци сме веројатно на најлошото соочување на удари од 11 метри. Од 14 шутеви, дури 9 беа утки и Англија победи со 3:2.

Федерер го провоцира Агаси дека не бил толку страшен

Овој му враќа со 8 волеј удари по ред. ОСУМ. Тоа се тие легенди, родени за спектакл.

Прав газда

Сопственикот на АЕК Атина, Мариос Илиопулос, го промовира Марко Николиќ за нов тренер, откако лани ја водеше ЦСКА Москва. Директ во лице му кажа што очекува од него, а на крај викна силно на српски. Петте зборови кои ги потенцираше се моќ, страст, гордост, работа и дисциплина.

10-те главни правила на Алегри во Милан

Масимилијано Алегри прави кам бек во Милан по 11 години. Тогаш им донесе Скудето и Супер Куп на Италија, а потоа се прослави во Јувентус со 12 трофеи. Ќе има тешка задача, а тоа е да го врати победничкиот менталитет на тимот, кој имаше лоша сезона и остана без пласман во Европа. Ова се неговите принципи на работа.

Од јунак до трагичар па назад

Белградски Партизан отсекогаш имал добри голмани, а летово се решија на гол да застане 34-годишниот малку познат Марко Милошевиќ кој во кариерата бранел претежно во помали српски клубови и во Казахстан и Унгарија. Синоќа на реваншот со АЕК Ларнака додека Партизан водеше 1-0 и ја надомести негативата од 2-1, во 90+5' минута од судиско продолжение одбрани пенал и осигура продолженија.

Страшниот залет на Тадеј Погачар, работите дојдоа на свое место

Словенецот Тадеј Погачар е победник на 12. етапа на 112. издание на Тур д' Франс. Најдобриот светски велосипедист и возач на Емирати тимот, ја заврши делницата од Уша до Утакама долга 180,6 км за четири часа, 21 минута и 19 секунди со што го презема водството во генерален пласман и со жолта маичка ќе ги предводи останатите.

Кога младиот и непознат Германец Новицки ги разбил Пипен, Баркли и Џордан

Во летото 1997-ма година, најголемите светски кошаркарски ѕвезди Мајкл Џордан, Чарлс Баркли и Скоти Пипен тргнале на тура во Европа, во рамки од турнејата „Најк Хупс“ како промотери на истата. Во еден момент стигнале до Германија.

Најлуд пресврт во еврокупови: Хелсинки се врати од 0-4 и со 5-4 оди понатаму

Во морето натпревари во квалификации за трите европски купа синоќа на северот од Европа се случи чудесен пресврт.

Јако кинеско изненадување за Јокиќ

Никола Јокиќ во Кина доби пречек и пол. Замина на четиридневен престој поради обврски кон својот спонзор за спортска опрема  361°. Погледнете што им текнало да му подарат. Патики, ама со глава од коњ. Какви цареви. Србинот е изненаден и воодушевен од гестот.

Комити верни и во Сан Марино

1.500 километри не се никаков проблем за најверната навивачка група на Вардар, Комити. Второто коло во Конференциската лига беше речиси заверено против неатрактивниот противник од Ла Фиорита, но тие сепак се качија во автобус и заминаа за Италија, на лице место да им ја дадат поддршката.