Свирежи и навреди за Трент Александер-Арнолд во својот Ливерпул

Англискиот репрезентативец Трент Александер-Арнолд е роден во Ливерпул. На 6 години го запишуваат во фудбалската школа на славниот клуб. И станува еден од ретките кој ги поминал сите возрасни категории и стигнал до првиот тим. Го оствари сонот и со црвените освои титула во Лига на шампиони (2019) и Премиер лига. Му исцртаа и прекрасен мурал но откако реши да си оди во Реал Мадрид, му го ишкртаа.

Синоќа ТАА за првпат дојде на „Енфилд Роуд“ каде беше пречекан со свирежи и навреди. Тој влезе во игра наместо Арда Ѓулер во 81' минута и доби громогласни свирежи.

Така беше и претходно на загревањето: 

Уништен муралот на Трент Александер-Арнолд во Ливерпул

5 ноември 2025 - 09:11