Чикаго Булс победи со луда тројка на Вучевиќ

Чикаго Булс ја совлада Филаделфија '76 113-111 со луд кош за три поени на 3,2 секунди до крајот на Црногорецот Никола Вучевиќ. Чикаго се врати по негатива од неверојатни -24 поени! Џош Гиди беше најефикасен кај Булси со 29 поени, 15 скока и 12 асистенции. Вучевиќ имаше дабл-дабл учинок со 19 поени и 10 скока за победа и прво место на Булс на Истокот. Имаат 6 победи и само 1 пораз од старт на сезоната.

Џош Гиди на овој натпревар стана првиот кошаркар на Чикаго Булс после Мајкл Џордан од 1989-та година кој имал два трипл-дабл учиноци по ред.

Кај Сиксерси кои имаа 18 поени разлика на полувреме а потоа отидоа и до плус 24 но на крај изгубија, најефикасни беа Тајрис Макси со 39 поени (14/26 за два) и 6/10 за три. Жоел Ембид даде 20 поени а Кели Убре Џр 18. ВиЏеј Еџкомб уфрли 12 поени со 11 скока.

Standings provided by Sofascore

 

5 ноември 2025 - 10:41