Кога Мајк Тајсон сакал да се бори со горила во зоолошка

Оваа луда идеја која на „челичниот Мајк“ му дошла во доцните '80-ти години и ден-денес е најголемо „што ако?“ во светот на боречките вештини. Тајсон тогаш беше во зенитот од својата кариера, но и во зенитот на своите лудачки идеи.

Целиот настан се случил во '80-те години кога Тајсон со тогашната сопруга Робин Гивенс посетиле една зоолошка градина.

Најлегендарниот боксер отсекогаш имал необични идеи. Така пред пар години реши на свои 57 години, изнемоштен, остарен и далеку од витална форма, да боксува против залетан, 27-годишен напален теретанџија, Џејк Пол кој е развиен и има силен удар. Голем дел од јавноста тогаш ги предупредуваше и Тајсон и организаторите дека е опасно по живот за Мајк да боксува на тој дуел.

Џејк Пол секако победи, а целиот меч делуваше некако ревијален.

Таквиот импулсивен карактер на Мајк Тајсон отсекогаш му давал сулуди идеи. Како онаа еднаш да му понуди 10.000 долари на чувар во њујоршката Зоолошка градина, да го пушти да влезе внатре кај горила која што ги малтретирала другите животни.

„Му платив на чуварот во зоолошката во Њујорк повторно да ја отвори зоолошката само за мене и Робин“, раскажал Тајсон за Индепендент.

„Кога отидов накај кафезот на горилата, таму имаше една горила која ги закачаше сите други горили. Тие беа толку моќни но во нивните очи се гледаше некаква невиност. Му понудив на чуварот 10.000 долари веднаш да го отвори кафезот и да ме пушти да ја прекршам горилата. Ме одби“, рекол Тајсон.

Тој секогаш имал интерес за дивите животни а едно време чуваше и два тигра дома во неговата палата во Лас Вегас. 

Но подоцна признал дека таа луда одлука не му била воопшто добра.

„Бев будалест. Нема шанса да ги припитомиш тие диви мачки 100%. Нема шанса тоа да се случи. Ќе те убијат инцидентно, посебно ако играш нешто дека си груб со нив, да ги задеваш и удираш. Ќе се разгневат, ќе те удрат и мртов си“, рекол Тајсон.

4 ноември 2025 - 12:59