Баварската машинерија го освои Париз со играч помалку, Ливерпул појак од Реал

Во вечер со две мега дербија, ПСЖ - Баерн Минхен и Ливерпул - Реал Мадрид, славеа Парижаните и англискиот шампион. Германците поведоа со два гола на Колумбиецот Луис Дијаз кој се прослави но набрзо направи груб, бесмислен фаул над Хакими и доби директен црвен картон. Во Неапол 90 минути за Елиф Елмас во ремито без голови Наполи - Ајнтрахт.

Баерн Минхен е единствена совршена екипа досега сезонава затоа што вечерва го забележи и 13-та победа по ред во сите натпреварувања. Не знаат за пораз. Во Лига на шампиони се единствен тим заедно со Арсенал без изгубен натпревар.

Со одличниот Мануел Нојер на голот, Баерн Минхен успешно се одбрани од канонадата на ПСЖ кој цел втор дел играше со играч повеќе.

На „Енфилд Роуд“ во Ливерпул, црвените се кренаа од пепелот и по триумфот над Астон Вила изминатиот викенд, сега повторно славеа победа, овојпат против големиот Реал Мадрид 1-0.

По серија од 7 порази по ред, Ливерпул конечно може да здивне. Стрелец на победничкиот гол беше Алексис Мекалистер во 61' минута.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ, 4. КОЛО РЕЗУЛТАТИ:

НАПОЛИ - АЈНТРАХТ ФРАНКФУРТ 0-0



СЛАВИЈА ПРАГА - АРСЕНАЛ 0-3 (0-1)

АТЛЕТИКО МАДРИД - РОЈАЛ ЈУНИОН 3-1 (1-0)



БОДО ГЛИМТ - МОНАКО 0-1 (0-1)



ЈУВЕНТУС - СПОРТИНГ ЛИСАБОН 1-1 (1-1)

ЛИВЕРПУЛ - РЕАЛ МАДРИД 1-0 (0-0)

ОЛИМПИЈАКОС - ПСВ 1-1 (1-0)


ПСЖ - БАЕРН МИНХЕН 1-2 (0-2)


ТОТЕНХЕМ - КОПЕНХАГЕН 4-0 (1-0)

4 ноември 2025 - 22:58