Роналдо одговори зошто не бил на погребот на Жота

Трагичната смрт на сјајниот фудбалер на Ливерпул Диого Жота многу ја потресе фудбалската јавност, а најмногу ја погоди и репрезентацијата на Португалија. Речиси сите соиграчи кои го чувствувале близок како другар и брат дошле на погребот. Не дошол Кристијано Роналдо кој кај Пирс Морган објасни зошто.

„Од две причини. Откако татко ми почина никогаш веќе не бев на гробишта повторно. Второт, ако не знаете, каде и да одам ќе стане циркус. Вниманието ќе беше свртено кон мене а јас не сакав тоа да се случи“.

 

7 ноември 2025 - 10:03