После 849 дена Барса се врати на „Камп Ноу“, на тренинг имало 22.000 гледачи

После долго време Барселона се врати, макар привремено во својот дом, на култниот стадион „Камп Ноу“. Првиот тим тренирал а отворениот тренинг го следеле околу 22.000 симпатизери. Постои веројатност на 22 ноември за дуелот со Атлетик Билбао конечно да заиграат на реновираниот стадион или на 29-ти за мечот со Алавес.

Последниот натпревар на својот стадион Барселона го одигра на 28-ми мај 2023-та година. Од тогаш па до ден-денес играше на Олимпискиот стадион Монжуик. 

7 ноември 2025 - 15:14