Offside

Српскиот велемајстор Никола Јокиќ испиша нова страница во НБА историјата. Станa втор играч со 200 трипл дабл учиноци и тоа со 360 меча помалку од првиот.

Се отвора најголемиот аутлет со најниски цени во Македонија

Sport Vision Outlet Extra Nike нуди Аdidas, Reebok, Timberland, Converse, Champion, Sergio Tacchini, Ellesse, Lonsdale, Umbro и други производи од познатите светски брендови.

Отворено писмо до репрезентативците на БиХ

Селекцијата на БиХ се избори за прво историско учество на СП Бразил 2014, а се надеваа дека за прв ќе ги има и на ЕП, ова во Франција. Последната пречка која не ја минаа беше Република Ирска во баражот. Нивните навивачи го следат Европското и жалат што не се таму, но прашуваат дали им стало и на играчите или поубаво им е на море.

„Тој знае за трансфери толку многу што може да ти каже кај оди жена ти“

400 постови дневно, од кои еден може да го здрма целиот фудбалски свет. Играчите го прашуваат каде ќе ја продолжат кариерата, раководните луѓе го викаат во канцеларија. Џанлука Ди Марцио - најголемиот инсајдер во фудбалот.

Што му направи Џордан на Кливленд

Ни улета едно од оние епски видеа каде МЈ е во главна улога. Се враќаме во 1993-та и четвртиот натпревар меѓу Чикаго и Кливленд во полуфиналето од Источната конференција кое заврши 4:0 на ваков начин:

Како изгледаат работните места на фудбалерите на Исланд

И два дена по една од најголемите сензации на Европските првенства не може човек да не се воодушевува на тоа од кај се, што работат, какви услови за фудбал имаат, а до каде стигнаа.

Главните навивачки на Европското 2016

Најубавите моменти не се на теренот, туку на трибините во Франција од каде девојките и сопругите на фудбалерите ги гледаат натпреварите во живо.

Зошто Англија повторно се посрамоти?

Кои се причините поради кои Гордиот Албион одново со црвени образи замина од едно големо натпреварување, овојпат од Европското во Франција.

Навиките на Куртоа за време на химната

Суеверие или секогаш го чеша брадата кога оди химната на Белгија?

Се сеќавате ли на Панини 92?

Дарко Панчев, Ерик Кантона, Пол Гаскоњ, Марко ван Бастен, Јирген Клинсман и Роберто Баџо се само мал дел од великаните од кои лепевме сликички на Европското во Шведска 1992. Југославија имаше многу силен состав, но учеството и беше одземено. На нејзино место влезе Данска и го освои.

Со каква серија пристигна Новак на Вимблдон

Најпрестижниот турнир во светот го освојува две години по ред, а сега ќе се обиде да стигне до хет-трик или вкупно четврти во кариерата. Формата му е следна:

Што се случи со Шпанија?

Двете победи на стартот ги замаскираа сериозните тактички проблеми во Ла Роха. Јавноста го бомбардираше Дел Боске со прашања зошто немало место за Коке, Тиаго, Азпиликуета, Габи, а имало за ветераните Хуанфран и Адуриз?

Буфон пред 18 години

И на 20 и на 38 години Џиџи Буфон брани исто. Човекот едноставно не знае за пад во формата. Четири Европски и пет Светски првенства. Се враќаме на еден пријателски дуел меѓу Италија и Парагвај одигран во 98-ма да видиме каков рефлекс имал како млад.

Исланд се искачи високо, а ние потонавме

Се селекцијата која е најголема сензација на Европското првенство имаме одиграно четири натпревари во два мундијалски квалификациски циклуси. И во двата освоивме повеќе бодови од нив, но разликата е сега што тие од 130-та станаа 39-та фудбалска сила во светот и четвртфиналист на ЕП 2016, а ние тогаш се движевме околу 80 место, а сега сме на 139-то.

Непознати факти за Герет Бејл

Во еден од поинтересните дуели на ЕП, Англија го совлада Велс 2:1, а мечот го одбележи голот на Бејл од слободен удар со што стана првиот играч од 1992. година кој дал два гола од слободен на едно Европско.

Битно Англија држи тренеришта

Дел од тренерите во Премиер лига, сезона 2016/2017:

Како Исланд го бираше тимот

Земјата која има мажи колку што Општина Аеродром има жители и која има 20.000 фудбалери, за разлика од Англичаните кои имаат над 4 милиони е само најава за сите шеги кои денеска ќе паднат на сметка на Англија која два пати за само една недела излезе од Европа.

Што сè урла Антонио Конте крај аут линијата?

Италијанскиот селектор до теренот буквално делува како 12-ти играч. Не престанува да мавта, да вика, да скока, да се нервира и да вришти. Затоа и Италија стигна до четвртфиналето каде ќе игра против Германија.

Имаат повеќе вулкани отколку професионални фудбалери

Англиската јавност, шокирана од поразот од Исланд веднаш после мечот распали по играчите и селекторот Рој Хоџсон кој си даде оставка заедно со помошникот Гери Невил. Легендарниот Гари Линекер на Твитер напиша: „Најтешкиот пораз во нашата историја. Англија загуби од земја која има повеќе вулкани од професионални фудбалери. Добар меч Исланд."

Во Рејкавик славеше кој останал дома

После Грција европски првак во 2004 и Лестер премиерлигашки шампион во 2016-та, Исланд го направи третото чудо во поновата фудбалска историја откако со 1:2 ја совлада Англија во осминафиналето на Европското во Франција. 10% од вкупната популација на Исланд (330.000) е на Европско во Франција. Тие што останаа, се радуваа на плоштадот во Рејкавик.

Шоу на исландскиот коментатор

Ако по чудото против Австрија кога дадоа гол буквално во последната секунда за сигурен пласман понатаму, исландскиот коментатор полуде, тогаш претпоставуваме што му се случувало на дуелот против Англија. Историски меч за неговата земја.

Нов Брегзит во една недела, Исланд ја исфрли Англија од Европско

Фудбалерите на Исланд го направија најголемото изненадување во досегашниот тек од Европското, откако со 2:1 го совладаа големиот фаворит Англија и заслужено одат во четвртфиналето каде ќе се сретнат со домаќинот.

Најубавите 10 голови од Копа Америка

Јубилејното издание од Копа Америка донесе 10 прекрасни голови. Турнирот го одбележи поразот на Аргентина во финалето од Чиле на пенали и изјавата на Меси дека се повлекува од репрезентацијата. За играч на Копа е избран Алексис Санчез.

Европа добива нов владетел, Италија ја испрати Шпанија дома

Аѕурите потполно заслужено со 2:0 го совладаа актуелниот европски првак и се пласираа во четвртфиналето каде ги чека наострената Германија.