Деветтото Европско првенство се одржа во Шведска од 10 до 26 јуни 1992-ра, последно со 8 репрезентации, последно на кое за победа се даваа два бода и последно на кое голманите смееја да ја фатат топката со рака откако ќе му ја подаде соиграчот со нога.
Југославија ги имаше нашите Панчев, Илија Најдоски и Вујадин Станојковиќ, потоа Дејо Савичевиќ, Пикси, Владимир Југовиќ, Мијатовиќ, Михајловиќ, а оваа силна плејада на фудбалери ја водеше селекторот Ивица Осим.
Учеството на ЕП 1992 не го доби поради распадот и војната во Југославија и како резервни селекции со најмногу бодови беа Данска и Италија. Данците предводени од браќата Лаудруп и легендарниот Питер Шмајхел направија сензација и станаа Европски прваци.
Откако ја минаа групната фаза со победа против Франција, пораз од Шведска и реми со Англија, во полуфинале беа подобри од Холандија на пенали, а во финалето ја совладаа Германија која за прв настапи откако Источна и Западна станаа едно.
На ова Европско за учество се избори и СССР, но на 1 јануари 1992-ра се распадна и единствениот легитимен начин да настапи беше да се појави како ЗНД (Заедна на независни ржави) каде членуваа 12 од 15-те новонастанати независни држави бивши членски на Советскиот сојуз. Одиме со сликичките.