Мечот речиси уште не почна, а судијата Дамир Скомина досуди пенал за Англија во 3. минута, после стартот на голманот Халдорсон над Рахим Стерлинг. Сосема непотребно исландскиот голман му влезе во нозе на напаѓачот на Англија кој претходно си даде фор и тешко ќе ја стигнеше топката која одеше во гол-аут.
Не пројдоа ни две минути а веќе беше 1:1. Само што тргнаа од центарот, Исланѓаните стигнаа близу голот на Харт, а после играта со глава на стоперите, гол даде Сигурдсон по еден лизгачки старт.
Во 18. минута се случи чудо. Исланд дојде до целосен пресврт откако Харт несмасно реагираше после шутот на Сигторсон за 1:2.
Ножичките на Сигурдсон за малку не беа ремек дело:
Радоста и прославата на Исланѓаните со нивните навивачи: