Отворено писмо до репрезентативците на БиХ

Селекцијата на БиХ се избори за прво историско учество на СП Бразил 2014, а се надеваа дека за прв ќе ги има и на ЕП, ова во Франција. Последната пречка која не ја минаа беше Република Ирска во баражот. Нивните навивачи го следат Европското и жалат што не се таму, но прашуваат дали им стало и на играчите или поубаво им е на море.

Здраво другари

Само да ве поздравиме да не речете потоа дека сме ве заборавиле и дека не мислиме на вас. Не сме ве заборавиле, нема никогаш, шанси нема.

Топло ли е кај вас? Може ли да се носите со температурите по плажите на Медитеранот и Јадранот?

Го следите ли, барем од некој бар под секна Европско првенство во Франција? Дали пратите, дали имате совест дека и ние можевме да бидеме таму, меѓу најдобрите? Да се развиори знамето, да се чуе нашата химна, да се чујат нашите песни од трибина или сеедно ви е?

Гледате ли понекогаш како играчите се борат на терен, за секоја топка, за секоја педа на теренот од првата до 120-та минута?

Ние да ви кажеме прави следиме, гледаме и се чудиме. Се чудиме бидејќи тоа нас се некако ни е непознато, некако чудно и нестварно. Веројатно не сме се навикнале да гледаме такво нешто и такви сцени или некако сме се одвикнале па тоа ни доаѓа баш онака чудно.

Али некако најчудно во сето тоа е кога на крајот на натпреварите играчите слават заедно со навивачите, заедно пеат, заедно тагуваат и заедно плачат.

Боже луѓе па зар и тоа го има, зар играчите можат да слават заедно со навивачите, да дојдат заедно до трибините и да се гушкаат.

Ние не сме навикнати на тоа, нашите ѕвезди на крајот од натпреварот се тргаат од средината на теренот и брзо исчезнуваат во соблекувална. Некои па и немаат снага ни толку и ги нема одма после свирежот на судијата. Веројатно имаат осетлива кожа и одма одат под туш.

Немојте погрешно да не разберете, ние сме разумни и толерантни луѓе, знаеме дека сте уморни од натпреварите, дека го дадовте и последниот атом од вашата енергија па далеку ви се оние 50 метри кои нас ве делат од вас.

Знаеме и разбираме дека не треба да впуштате во непотребен напор бидејќи сепак сте вие професионалци, треба да се штедите за следните натпревари.

Знаеме и разбираме дека и вие морате да ги слушате вашите генерали и дека работите онака како што бараат од вас, исто како што и ние навивачите ги слушаме нашите лидери и правите како што ќе ни кажат.

Знаеме ние и разбираме. СÈ.

Сетете се само кога последен пат и сте се заблагодариле на вашата публика која ве следи како сенка од Португалија преку Израел до Литванија и Велс.

Бидете ни поздравени другари, уживајте максимално во убавината на Медитеранот и Јадранот. Уживајте и одморајте се, бидејќи во животот се оди по заслуги. Додека другите играат на Европско и се заморуваат, вие одморајте. Заслужено одморајте. Уживајте и држите сенка, избегнувајте сонце бидејќи можете не дај боже да се испотите. А не сте навикнати.

Се гледаме наскоро. Вие и понатаму играјте поединечно за свој ќеиф, а ние и натаму ќе навиваме за Босна и Херцеговина.

Поздрав манекени

29 јуни 2016 - 15:29