Offside

На 66 годишна возраст почина легендарниот фудбалер на Милан и репрезентацијата на Италија, вечниот број 6, Франко Барези.

Што значи да гледаш Ел Класико од клупата на Реал?

Пред судиската свирка за крај, фудбалерите на Реал Мадрид кои беа на клупата за резерви нестрпливо чекаа да ѝ се израдуваат на првата победа против најголемиот ривал на гости после цели 4 години.

10 најдобри моменти во кариерата на Ајверсон

Го викаа The answer/Одговорот, затоа што имаше одговор на секоја противничка одбрана. Си поигруваше со најдобрите дефанзивци во НБА и ќе остане запаметен како еден од најдобрите играчи во историјата на оваа лига.

Потребна е награда за ножички на годината

Со оглед на големиот број на голови со таква акробација која скоро секое коло му успева на некој, покрај наградата „Пушкаш“ за гол на годината, навистина треба да постои посебна награда за најдобар гол со ножички. Викендот Пинила од Аталанта го нокаутираше Милан, Рибери собра отпад, претходно изненади младинец на Ница, а ножички кои би конкурирале за награда се оние на Естебан Мирачо од втората аргентинска лига на кој му успеаа од многу тежок агол.

Како реагираше интернетот на предноста на Лестер од 7 бода

Ако до пред некое време се плашеа да го изговорат зборот ТИТУЛА, сега тоа им оди полесно, а шегите на интернет се тука да ги опуштат и да сфатат дека се блиску до целта. Лестер 69 бода, Тотенхем 62, Арсенал 58...Oстануваат уште 6 кола.

73 додавања за 47 секунди

62 додавања за 47 секунди не било максимумот од фудбалерите на Баерн Минхен. Рибери, Лам, Мартинез, Рафиња и компанија го поместија рекордот кој го прочитавте во насловот. Стварно се цареви.

Велигденски пост меѓу фудбалерите

Прва асоцијација за фудбалерите се познатите клубови, ноќни излегувања, познати девојки и слично, но има и такви на кои духовноста им е подрага, па се одлучуваат и да постат од религиозни причини.

Аѕурното небо ќе го памети Чезаре Малдини

Еден од симболите на италијанскиот фудбал, Чезаре Малдини кој почина во саботата на 84 години, својот пат до легендите го трасираше преку успесите со неговите ученици Буфон, Канаваро, Неста, Тоти, Инзаги, Виери, Делвекио, Морфео. Освои три У-21 ЕП по ред и стана рекордер.

Тактиката со која Зидан ја сопре Барселона

Со головите на Роналдо и Бензема, Реал Мадрид го доби Ел Класико и ја намали предноста на Барселона на 7 бодови. Францускиот стратег е откриен.

Фудбалот во Македонија се сака и во трета лига

Викендов имаше каубојско однесување на стадионот во Чаир, римско дерби без навивачи и полно Ел Класико со скоро 100.000 навивачи. Но рангот и квалитетот на фудбалот не е секогаш пресудни за интересот на публиката, а тоа се виде во Неготино.

Како треба да изгледа прав едноминутен молк

Кога едноминутно молчење се одвива пред 60.000 луѓе на стадион, а никој не зуцнал, тогаш може да се каже дека навистина мува да пројде ќе се слушне. Ајакс - Цволе во чест на Јохан Кројф.

Се вади ли црвен картон за вакво нешто?

Босанецот Харис Хајрадиновиќ доби директен црвен картон на мечот Стромгсгодсед - Хаугесунд по расправија со својот голман. Оправдано ли е исклучен?

Како новинар на „АС“ реагираше на голот на Роналдо

Шпанскиот весник важи за близок до Реал Мадрид, а колку навистина се блиски ќе сфатите по реакцијата на нивниот новинар Томас Ронсеро кога Роналдо даде гол на Камп Ноу за стоп на серијата на Барселона од 39 меча без пораз.

Вардар ја загуби првата битка со Веспрем

Ракометарите на Веспрем ја одбранија титулата во СЕХА лигата, откако вечерва беа подобри од Вардар во првата од трите предвидени борби меѓу овие два големи ривали кои ќе се судрат и во четвртфиналето од ЛШ.

Еврогол на Тричковски на Кипар за АЕК Ларнака

Македонскиот репрезентативец Иван Тричковски постигна фантастичен гол и му донесе важна победа на неговиот АЕК Ларнака во борбата за титулата со АПЕОЛ. Ларнака сега има 68 бодови, а АПОЕЛ, поранешниот клуб на Иве има 72.

Розберг го освои и Бахреин

По победата во Австралија возачот на Мерцедес триумфираше и на втората трка оваа сезона во Формула 1 која се возеше за Големата награда на Бахреин.

Див запад на дербито во Чаир

Некогашното големо дерби Слога (денес Шкупи) - Вардар ниту попладнево не мина без сериозни инциденти. Шверцерите во првиот дел фрлаа предмети на теренот а со стаклено шише бил погоден Горан Попов. По завршувањето на мечот кој Вардар го доби 0-1, десетина хулигани влегле во теренот и ги нападнале гостинските фудбалери Томе Пачовски и Бобан Грнчаров, а најтешко поминал Дамир Којашевиќ кој со боксирач бил удрен во носот.

Кореографиите во чест на Кројф

Синоќа за време на Ел Класико во Барселона, домашните навивачи направија спектакуларна кореографија во чест на холандската легенда. Со натпис Gracies Johan (Фала Јохан), Камп Ноу ги пречека фудбалерите на двата тима. Денес, Ајакс играше против Цволе и на Амстердам Арената исто се откри преубава кореографија во чест на големиот Кројф.

Антиќ ја тужи њујоршката полиција и бара 25 милиони долари

Перо се одлучил да ја тужи полицијата во Њујорк поради грубото приведување и кршење на човековите права додека играше за Атланта. Тужба ќе поднесе и неговиот поранешен соиграч Табо Сефолоша.

Почина легендата кој ја освои првата ЛШ со Милан

Чезаре Малдини е човекот кој го подигна првиот пехар на еден италијански клуб во најелитното клупско европско првенство, а тоа се случи на стадионот Вембли во 1963 година. Замина на 84 годишна возраст.

Играјте шест кецови

Нови шест неделни предлози на Мирјана во кои се бараат победи на домаќините во шест различни лиги.

Потег на колото на Давид Бабунски

По одличните настапи во младинската репрезентација на Македонија во квалификациите, Давид Бабунски покажа дека игра во добра форма и за Звезда. Во 58-ма минута влезе во игра а на 10 минути пред крајот направи одличен потег и за малку не постигна гол.

Трагична смрт на водачот на Торцида

Еден од најистакнатите навивачи на Хајдук Сплит, Жан Ојданиќ загинал кога при падобрански скок добро не му се отворил падобранот. За време на скокот, со него летале и сопругата и неговиот син.

Прво славје на Реал на Камп Ноу после 2012

Реал Мадрид последен пат славеше во Барселона во април 2012-та година со головите на Кедира и Роналдо, под водство на Мурињо. Вечерва Кралевите ја прекинаа неверојатната серија на Барса од 39 меча без пораз во сите натпреварувања. 1-2, стрелци Пике, Бензема и Роналдо.