И Велс и Северна Ирска се пласираа на едно Европско првенство од 14-ти обид. Почнувајќи од квалификациите за Европското во 1964. година во Шпанија и Велс и Северна Ирска како од шега испаѓаа.
Кога конечно стигнаа на едно големо натпреварување, Велшаните ја искористија шансата во меѓусебниот дуел и се пласираа во четвртфиналето. Голот падна во 76. минута кога по еден остар центаршут на Бејл во петерецот, ветеранот 36-годишниот Герет Меколи излизга пред Робсон-Кану и си даде автогол: