Што сè ни донесе групната фаза од Европското

Нов рекорд на Роналдо, сензационални одбрани на Северноирецот против Германија, голот на Димитри Паје, потезите на Иван Перишиќ се само некои од моментите кои ја одбележаа првата фаза од Европското.

10. Црвениот картон на Лорик Цана
 
Капитенот на Албанија важи за прилично груб играч. Во кариерата има седум црвени картони, а последниот го доби на отворањето на Европското против Швајцарија. За човек кој игра физички грубо, делуваше изненадување што исклучувањето го заработи не за груба игра туку за играње со рака. Доби втор жолт картон за само 37 минути игра на ЕП.
 
9. Даниел Стариџ во судиското продолжение
 
За навивачите и играчите најубаво чувство е гол во последната минута, особено кога без тој победнички гол твојот тим би бил во сериозна опасност. На цела Англија тоа и го донесе Даниел Стариџ со шут буквално во последните моменти од мечот против Велс. Претходно Џејми Варди израмни. На ова Европско имаше многу голови во последните минути, но само малку беа испратени како голот на Стариџ.
 
8. Голот на Перишиќ против Шпанија
 
Иван Перишиќ, крилото на Хрватска стана еден од најдобрите играчи на Европското после проблемите кои им ги задаваше на противниците. Очигледно Јирген Клоп погрешил кога на времето му рекол „да си ја затне муцката“, откако овој се жалел дека недоволно игра.
 
Оттука голот на Перишиќ против Шпанија на крајот и донесе на Хрватска три бода, прво место во групата. Заедно со Велс и Исланд, Хрватска важи за најдобрата репрезентација досега, а Перишиќ за нивен најдобар фудбалер.
 
7. Мајкл МекГоверн го одигра мечот на животот

 
Минатата сезона, Мајкл МекГоверн прими дури 67 голови како голман на Хамилтон Академикал во шкотската Премиер лига, така што кога го видоа на голот против светскиот првак Германија сите мислеа дека мрежата ќе му биде полна до врв. На крајот прими само еден гол од Марио Гомез. Германците упатија преку 20 удари кон неговиот гол, но тој бранеше како никогаш досега.
 
Од тој момент телефоните на неговиот агент ѕвонеле непрестано 12 часа, изјавил неговиот агент за БиБиСи, така што Северноирецот МекГоверн наскоро би можел да замине од Шкотска.
 
6. Победата на Велс над Русија
 
Навивачите на Велс веќе не се среќни само што се натпреваруваат во Франција, туку повеќе од тоа. Селекцијата предводена од Крис Колман ја прегази Русија со 3:0 кога Арон Рамзи, Најл Тејлор и Герет Бејл одиграа фантастичен меч.
 
5. Исландскиот коментатор Гудмундур Бенедиктсон
 
Кога земјата со население од 330.000 жители од кои дури 8% се во Франција има помошник тренер кој работи и како забар ќе отиде во осминафиналето, тогаш тоа е нешто неверојатно. Исландскиот коментатор Гудмундур Бенедиктсон полуде од радост кога Арнор Ингви Траустасон го постигна победничкиот гол против Австија и со тоа на Исланд му го донесе второто место во групата.
 
4. Кристијано Роналдо сруши уште рекорди

Дали мислевте дека Кристијано Роналдо престанал да руши рекорди? Португалецот стана единствениот фудбалер кој давал голови на четири различни Европски првенства. Му го фрли микрофонот во вода на еден новинар од телевизијата која што ја доби на суд, а вечерта даде два ефектни гола против Унгарија и ја однесе Португалија понатаму.
 
3. Роби Брејди ја носи Ирска понатаму
 
Иако бодовно стоеа многу лошо, Ирците на крајот во 90-та минута од мечот со Италија победија и освоија драгоцени три бода. Дуелот во Лил беше најдоброто издание на Ирците во последните неколку години.
„Пресреќен сум, неверојатно“, изјави стрелецот на голот Роби Брејди.
2. Настапот на Иниеста против Турција
 

Дали некој Шпанец имал репрезентативна кариера како Андрес Иниеста? Тој е меѓу тројцата најдобри играчи на неговата генерација во клубот со кој освои 8 титули, 4 Лига на шампиони, 2 Европски првенства и победнички гол на Светско првенство во финале.
 
Тој и денес е добар како некогаш, има 32 години но тоа не му смета да игра неверојатен фудбал како настапот против Турција кога ја криеше топката.
 
1. Голот на Димитри Паје против Романија
 
Секогаш има тензија на првиот меч кој го игра домаќинот на првенството кој се смета за фаворит. Романија и пружи голем отпор на Франција, но голот на Димитри Паје од далечина беше можеби и најубав во досегашниот тек од првенството.