Offside

Ал Наср го совлада Ал Фаисали на гости со 1:3. Очите се вперени кон голот во 49-та минута со кој Роналдо стигна до 982. Но не според сите. Opta, Sofascore, Flashscore и FotMob го запишаа како автогол. Саудиската професионална лига пак му го препиша на Роналдо. На забавената снимка се гледа како топката прво ја удира Роналдо, па играчот од спротивниот тим со број 5, по што влегува во гол. Официјално, Роналдо е на 18 гола до јубилејната 1000-ка.

Како да пробиеш жив ѕид кога е нареден на гол линија

Треба да го имаш дечкото по име Хуан Пабло Рикелме, бидејќи за ваков специфичен и навидум лесен ама многу тежок слободен удар е потребен мозок.

Како детето кое садело лук и тикви стигна до светска слава

Фудбалската дрскост уште на 10 години го направила подобар играч од постарите деца. Од своето село се сели во големиот град Баија каде три месеци не се појавил во школо поради што мајка му му ги тегнела ушите.

15 години од солзите на Роналдо кој остана без Скудето во кариерата

Секој 5 мај им доаѓа како мелем на душата на навивачите на Јувентус, а истовремено им прави гнев на навивачите на Интер кои никако не можеа да го апсорбираат ужасот кој им се случи во последното коло од сезоната во Серија А.

Дуда Ивковиќ: Дрим тимот на САД ќе капитулираше пред Југославија

Како што многу ни е криво што немавме можност да видиме како ќе поминеа Панчев, Савичевиќ, Просинечки и компанија на ЕП 1992 кои ги имаше во албумот на Панини, исто ни e и за Дивац, Кукоч и Дражен Петровиќ кои таа година ја испуштија Олимпијадата во Барселона. Ах каква збирштина од великани беа тоа.

Ѓоковиќ го распушти целиот стручен штаб

После 11 години, тренерот Марјан Вајда, физиотерапевтот Миљан Амановиќ и кондициониот тренер Гебхарт Фил Грич веќе нема да бидат дел од тимот на српскиот тенисер.

Двајца играчи на Емполи пробуваат да исфрлат топка

Само што ќе помислиш како е можно толку глупаво да се судрат, пак се судираат.

Каква е замислата на двајца наставници за промена на пенал серијата

Цели две години двајца шпански професори работеле на една студија која што ги довела до заклучок дека екипата која прва изведува пенал е во предност во однос на противникот. Затоа предлагаат ново решение.

Како Мурињо ја спасува сезоната на Манчестер

„За нас сезоната во Премиер е завршена, нема што да бараме“, заклучи Жозе и тргна голем товар од грбот на своите фудбалери кои сега мора да ја освојат Лига Европа за да се пласираат директно во Лига на шампиони. Ако сакаат да им дојде Гризман, секако.

Морбидна порака на навивачите на Рома кон своите играчи

"Еден совет без да се навредите....спијте со запалено светло", им порачаа навивачите на фудбалерите на Рома кои се бесни по нивниот двоен неуспех во римското дерби оваа сезона.

Кутар Алегри се измачи со англискиот

Има муабет дека Масимо Алегри го бараат од следна сезона во Премиер лигата, ама за да се оствари тоа ќе мора летово да упише некој забрзан курс за англиски јазик, инаку вака тешко ќе оди. Интервјуто е по мечот со Монако.

Најсмешните работи што се случиле во Њукасл

Њукасл е еден од клубовите со огромна поддршка низ цела Англија. Црно-белите имаат секогаш полн стадион, но и никогаш средена управа и раководство. Толку се симпатични што и најсмотаните работи што им се случиле делуваат смешно. Од август ќе ги гледаме повторно во Премиер лигата.

Чекај да видиш како функционира школата на Бенфика

Додека кај нас децата тренираат по суви, тврди и никакви терени и мака мачат со основни средства за игра, некаде во Европа врз нивните врсници се вршат компјутерски мерења околу тоа колку спиеле, кога јаделе, колку истрчале и што можат да пружат. На деца, да.

Малиот Рашфорд за рутински триумф на Јунајтед во Виго

Манчестер Јунајтед ја оправда фаворитската улога во првиот меч од полуфиналето на Лига Европа против Селта Виго и со поволен резултат ќе го чека реваншот на „Олд Трафорд“ за 6 дена.

Важна победа за Македонија, Исланд совладан во Скопје

Во третото коло од квалификациите за Европското 2018 во Хрватска, ракометарите на Македонија ги победија „рибарите“ од Исланд 30-25 (15-13) и се на добар пат кон ЕП.

Германскиот тим кој излезе со 11 првотимци со исто презиме

Да одмориме малку со Лига на шампиони и да видиме што се случува во нисколигашкиот фудбал од каде често излегува по некоја анегдота, смешка или тешка местенка. Има таму мастраф со разно разни нетипични фудбалски случувања.

Карикатура на месецот

Омар Момани (35) e најпознатиот фудбалски карикатурист на светот. Роден е во Јордан во 1981 година а за себе вели дека повеќе сака да гледа отколку да игра фудбал. Црта карикатури за Goal.com а последната му е феноменална.

Дејан vs Ноер, волеј кој не се повторува

Поминаа 6 години, а како вчера да беше еден од најлудите голови видени во Лигата на шампионите кој падна на мечот меѓу Интер и Шалке. Ваков гол еднаш се дава и еднаш се прима, а тоа го знаат и Станковиќ и Ноер.

Вие само играјте, ние ќе го уапсиме

После веста за голманот кој организирал брутално касапење на неговата љубовница пред некоја година, од бразилскиот фудбал веќе ништо не нè изненадува. Па ни ова апсење на Марлон Натанаел да Лима од клубот Сапукаенсе кого полицијата комотно си го приведе на сред натпревар поради кражби.

Фотографии на Тоти кои ќе ве вратат во детството

Многу фудбалски вљубеници не биле родени кога нивниот миленик Тоти заиграл фудбал, а Франческо наскоро ќе го одигра прошталниот меч.

Ако не те боли терај и друг пат вака твое си е

Марио Ѓуровски бил најоткачен за прославување на голови, како па да не. Не сте виделе што се случува во мексиканската трета лига. Или па не ја виде?

Автоголот кој плаче за истрага

Колку треба да е слеп човек за да не помисли дека мечов е штелуван? Се работи за екстремно лудачки автогол кој падна во 87-ма минута во украинската втора лига и единствен гол на средбата. Екипите се на средина од табелата. Полиција дали се слушаме?

Како 14 фудбалери од тимот на Јувентус 2001 станаа тренери

Златната генерација на Јувентус не успеа да врзе 2-3 титули на самиот старт од овој милениум, а имаше состав за такво нешто. Колку само интелигентни играчи имаше во тој состав подоцна предводен од интелигентниот Марчело Липи, потврдува фактот што пола од нив сега делат памет.