Фотографии на Тоти кои ќе ве вратат во детството

Многу фудбалски вљубеници не биле родени кога нивниот миленик Тоти заиграл фудбал, а Франческо наскоро ќе го одигра прошталниот меч.

4 септември 1994 година.
17-годишниот Франческо Тоти го постигна првиот гол на официјален меч за Рома.

 

На Европското 2000 Тоти даде убав гол против репрезентацијата на Романија.

На истото Европско 2000, „Il Principe“ изведе маестрална Паненка во серијата пенали против Холандија и го фрли Ван дер Сар во страна.

Тоти на тоа Европско се прослави со фантастични асистенции со пета.

17 јуни 2001. година
На десното рамо Тоти уште немаше тетоважа со римски гладијатор. Ја направи подоцна во чест на освоеното скудето на Рома.

Кога Рома последен пат стана шампион во 2001-ва, тренер беше Фабио Капело, претседател беше легендарниот Франко Сенси а заедно со Тоти во нападот играше Габриел Батистута.

3 септември 2001. година, церемонијата за избор на фудбалер на годината во Италија. Неговиот главен конкурент од претходните сезони Зидан замина во Реал Мадрид, стана и тренер а Тоти уште не ја заврши својата кариера.

Светско првенство 2002. Еквадорскиот судија Бајрон Морено го исклучи Тоти, му поништи чист гол на Томази, носеше спорни одлуки пред голот на Буфон и ја однесе Јужна Кореа во четвртфиналето.

После Светското Морено на два пати го суспендираа, а пред 6 години го затворија затоа што се обидел да шверцува 6 килограми хероин.

На Евро-2004, Франческо го направи еден од најгрозните постапки во кариерата (имаше неколку). На мечот против Данска го плукна во лице Кристијан Поулсен. Судијата не забележи, но забележија камерите и Тоти беше суспендиран на три меча.

Во 2004 година сите италијански весници на големо пишуваа за трансфер сагата на Тоти во Реал. Во Мадрид беа готови да му ја зголемат платата на Франческо за неколку пати, но капитенот на Рома остана на „Олимпико“.

19 февруари 2006. година
На мечот против Емполи Франческо ја доживеа најтешката повреда во кариерата (скршеница на цеваницата) и ризикуваше да го пропушти Светското 2006 но и крај на кариерата.

„Принцот на Рим“ ги победи сите прогнози и скептици, успеа да заздрави за 4 месеци, отиде во Германија и стана Светски шампион со Италија.

Во 2006. година, Ческо одби да го носи Олимпискиот оган затоа што заедно со него требал да трча и капитенот на Лацио Паоло Ди Канио.

2 септември 2007 година
Тоти со синот Кристијан и Златната копачка за најдобар стрелец.

24 мај 2008 година
Ческо го крена над главата вториот пехар од Купот на Италија во кариерата. Во финалето Рома го победи Интер 2:1.

Тоти соработуваше со Клаудио Раниери кога тоа уште не беше мејнстрим.

11 јануари 2015 година.
Франческо Тоти постигна два гола во римското дерби и го направи најпознатото селфи во историјата на фудбалот.

25 ноември 2014 година.
Со голот против ЦСКА Москва во Лигата на шампионите, Тоти го надмина сопствениот личен рекорд и стана највозрасниот стрелец на гол во елитното натпреварување. Во тој момент во Москва Тоти имаше 38 години и 59 дена.

За два дена до 40-от роденден Франческо го постигна 250-от гол во Серија А.

30 април 2017.
Тоти го одигра и последното римско дерби како играч. Новиот спортски директор на Рома Рамон Мончи најави дека по крајот на сезоната, Тоти ќе ја заврши иргачката кариера и ќе влезе во управата.

Бонус:

- За време на неговата кариера, во Рома се смениле 17 тренери и 5 претседатели.

- Тоти освоил 5 трофеи за 23 години кариера во Рома.

- Франческо има 2 ордени за заслуги на Италијанската Република.

- 1,3 милиони гледачи го следеле преносот на неговата венчавка со Иларија Блази преку Sky Italia.

4 мај 2017 - 14:20