Земете лист хартија и пенкало и запишете го денешниот датум во вашиот календар, бидејќи на ваква вест не се налетува друг пат. Во германскиот нисколигашки аматерски фудбал се случи нешто што всушност не поминува ниту во една таква категорија.
На терен излегоа играчи, сите со исто презиме. Разбравте добро? Бидејќи ова не е шега. Тоа е исто како во Италија сите 11 на терен да се презиваат Роси и да се појават Даниеле Де Роси, Делио Роси, па ако треба и Валентино и Васко Роси.
Се работи за SpVg Niederndorf II, вториот тим на германскиот град Фројденберг кој на мечот против Littfeld II се појави со 11 играчи со презимето Убах. За смешката да биде поголема истото презиме го имале и тренерот и останатите резервни играчи. Поточно околу 20 луѓе се појавиле со презимето Убах.
Објаснувањето за оваа чудна аматерска фудбалска приказна е следно. Во таа зона во Германија многумина се презивале Убах, а сите овие играчи да ти биле роднини.
Комедијата од овој фудбалски натпревар ја расипал судијата кој официјално не им ја признал победата од 11:3 и им запишал службен пораз. Зошто го сторил тоа? Затоа што четворица играчи кои веројатно нема никогаш да дознаеме кои, ги позајмиле од првиот тим.