Од тие треторазредни лиги ширум Европа знае да излезе по некој лудак со Меси соло продор, ама најслаткото е кога ќе начекаме некоја ваква контра со неколку генијалности во едно. Ова скапоцено видео парче со епски крај ни доаѓа од Италија.
На аматерски меч во Германија, случајно се најде еден на ограда да сними нешто што може само да помине во ринг. 28 годишен играч му влегува на 22 годишниот судијата со бокс, крајно сељачки и насилно по што овој паѓа на земја.
Џабе им е на сите кои се обидуваа да го имитираат она маестрално ремек дело на Роналдо лани против Јувентус во ЛШ. Пољакот Дамиан Лимбергер кој игра во најниските аматерски лиги во Полска ја има имитацијата број 1 на голот прогласен за најдобар во 2017-та. Стварно прејако.
Да одмориме малку со Лига на шампиони и да видиме што се случува во нисколигашкиот фудбал од каде често излегува по некоја анегдота, смешка или тешка местенка. Има таму мастраф со разно разни нетипични фудбалски случувања.
Гринвич Бороу е аматерски клуб од Англија кој поради смрзнат терен мораше да го прекине мечот против Ханвел Таун по само 15 минута игра. Имаат официјален јутјуб канал, а нивниот хајлајтс од овој меч изгледа вака:
На аматерски меч во Норвешка, еден играч не може да се помири со тоа што му ја земаа топката, па крвнички со цела сила стартуваше врз противникот кој има 15 години. Фрустрации ли што ли се?